Екипата на „Медена земја“ меѓу ѕвездите на оскаровскиот ручек

Режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов, снимателите Самир Љума и Фејми Даут и продуцентот Атанас Георгиев присуствуваа на традиционалниот оскаровски ручек, што Академијата за филмска уметност и наука го организира во чест на номинираните. „Колку многу научивме за снимањето филмови од овие ветерани, и еве сме, стоиме рамо до рамо до нив, сфаќајќи што е…

„Медена земја“ е номиниран за „Оскар“ во две категории

Документарецот „Медена земја“ доби две номинации за „Оскар“, и тоа во категориите за најдобар документарец и за најдобар странски филм. Американската филмска академија денеска (13 јануари) во Холивид ја соопшти листата на номинирани филмови за најпрестижната филмска награда. Со ова „Медена земја“ стана првиот македонски филм што успеал да добие две номинации за „Оскар“. –…

„Медена земја“ со нови награди за најдобар документарец и за кинематографија

„Медена земја“ деновиве во САД доби неколку нови престижни награди за најдобар документарец и за кинематографија. Тимот на македонскиот документарец ја прими наградата за најдобар документарен филм, што ја доделува најпрестижното здружение на филмски критичари во Америка, New York Film Critics Circle. На „Гала вечерта“ што се одржа на 7 јануари, тимот на „Медена земја“…

„Медена земја“ влезе во потесниот избор за номинација за „Оскар“ за најдобар документарец и за најдобар странски филм

Документарецот „Медена земја“ влезе во потесниот избор за номинација за „Оскар“, и тоа во две категории – за најдобар документарец и за најдобар странски филм. Американската филмска академија вчера го соопшти потесниот избор на филмови во девет категории. Во категоријата најдобар документарец, македонскиот канидат е меѓу 15 селектирани филмови, од 159 квалификувани. Во категоријата за…

Две престижни признанија за „Медена земја“ на Интернационалните документарни награди ИДА во Лос Анџелес

  Документарецот „Медена земја“ освои две престижни признанија на 35. Интернационални документарни награди ИДА, што се одржаа вчеравечер (7 декември) во студијата на „Парамаунт“ во Лос Анџелес. На најпрестижниот светски настан посветен на документарниот филм, кој е во организација на ИДА (Интернационалната документарна асоцијација) режисерот Љубо Стефанов и снимателот Фејми Даут ги примија: призанието „Pare…

„Медена земја“ со две нови признанија од Њујорк

Документарецот „Медена земја“ го продолжува својот успешен пат со уште неколку награди и номинации на престижни филмски манифестации. Најнова во низата признанија е наградата за најдобар документарен филм за 2019 година што ја доделува Друштвото на њујоршки филмски критичари (New York Film Critics Circle (NYFCC)). Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на гала вечер…

„Медена земја“ и Атиџе наградени на Избор на критиката за документарци во САД

Документарниот филм „Медена земја“ (Honeyland) освои две награди на Избор на критиката за документарци во САД (Critics’ Choice Documentary Awards), кои беа доделени вчеравечер (10 ноември) во Њујорк. На режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов им беше доделена наградата за најдобар прв документарен филм, а на главната протагонистката во документарецот – Атиџе Муратова ѝ беше…

„Медена земја“ – номиниран за најдобар документарец на „Европските филмски награди“

Документарецот „Медена земја“ (Honeyland) во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска е номиниран за најдобар документарец на „Европските филмски награди“, кои ги доделува „Европската филмска академија“. Денеска (9 ноември) во Севиља, Шпанија беше соопштено дека македонскиот документарец е меѓу петте кандидати за наградата – најдобар европски документарец за 2019 година. На овој потесен избор,…

Зоки Поки ги чита книгите и едукативните изданија од „Арс Ламина“

Книгите за деца: „Џиновска продавница за фантазии“, „Доктор Дулитл“, „Бајки од Македонија“, „Црвеното столче“, „Змејот на татко ми“, „Лошилиште“, „Чорапојадци“, „Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“, серијалот за Исидора Мун и книгите од Роалд Дал, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ се само дел од насловите што ги чита Зоки Поки.…

„Медена земја“ во 30 градови низ Македонија

Кинодиструбуцијата на документарецот „Медена земја“ (Honeyland) продолжува со нови датуми и градови низ Македонија. Проекциите што се одржаа минатите недели во дваесетина градови предизвикаа огромен интерес кај македонската публика и влезниците речиси за сите беа однапред распродадени. Филмот, кој е годинашен македонски кандидат за „Оскар“, и е во трка за најдобар документарец на „Европските филмски…

„Медена земја“ се прикажува во 24 градови низ Македонија

Кинодиструбуцијата на документарецот „Медена земја“ (Honeyland) низ Македонија продолжува со нови датуми и градови. Проекциите од минатата недела беа распродадени, а поради големиот интерес беа додадени нови датуми и градови во листата за диструбуција. Филмот, кој е годинешен македонски кандидат за „Оскар“ и е во трка за најдобар документарец на „Европските филмски награди“, се прикажува…

Триумф на „Медена земја“ во Русија

Документарецот „Медена земја“ (Honeyland) го продолжува својот успешен поход на светските филмски фестивали. Деновиве триумфира на два фестивала во Русија. Ги освои наградите за најдобар дебитантски филм и за најдобар филм за животна средина на Интернационалниот филмски фестивал „Порака до човештвото“ во Санкт Петербург, како и гран-при за најдобар филм на интернационалниот филмски фестивал „Човек…

Kниги и училишна опрема од „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ за децата од документарецот „Медена земја“

Издавачката куќа „Арс Ламина“ и книжарниците „Литература.мк“ донираа книги и училишна опрема за децата – протагонисти во документарниот филм „Медена земја“. Децата од семејството Сам, кои присуствуваа на премиерата на документарецот минатата недела во скопското мултиплекс-кино „Синеплекс“ во „Скопје сити мол“, добија изданија од „Арс Ламина“ соодветни за нивната возраст. Донацијата содржи сликовници, романи, изданија…

„Медена земја“ премиерно прикажан на „Македокс“ и во „Синеплекс“

  Во емотивна атмосфера, со овации и срдечен аплауз, беше поздравена екипата на документарецот „Медена земја“ (Honeyland) на премиерните прикажувања пред македонската публика во рамките на фестивалот „Македокс“ и во скопското мултиплекс-кино „Синеплекс“. Долгоочекуваната официјална премиера пред домашната публика на македонскиот победник на „Санденс“ и национален кандидат за „Оскар“ се одржа на 28 август во…

„Медена земја“ – македонски кандидат за „Оскар“ и во трка за најдобар документарец на „Европските филмски награди“

Документарецот „Медена земја“ (Honeyland) е македонски кандидат за „Оскар“. За кандидатурата на филмот во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска одлучи Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар“ при Друштвото на филмски работници на Македонија. Комисијата во состав: Игор Иванов – режисер и претседател на ДФРМ, Ангела Несторовска – продуцент, Аксел Мехмед…