Интервју со Сибо („Баклава“): Винил плочата и книгата се двата бесмртни симболи на интелектуалецот

Новиот албум на „Баклава“ пристигна во „Литература.мк“: Грамофонска плоча меѓу книгите ‒ магичен спој на музиката и литературата Звук во боја… Сликата што ќе ја добиете слушајќи ги 13-те нумери од новиот, четврти албум на групата „Баклава“, наречен „IV“, е токму она расположение што ви ја предизвикува некоја од боите: тиркиз, пурпурна, чоколада, рузмарин, пендолира,…

Го одбележуваме Денот на македонскиот јазик

На 5 мај, пред 75 години, Народната влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо. Минатата година, по тој повод овој датум е прогласен за Ден на македонскиот јазик. По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, којшто се одбележува втора година, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“…

Интервју со Матео Матоски: На хуморот на Боки се смее целата екипа на „Зоки Поки“

Боки е весело и палаво дете кое многу сака да јаде и да се шегува со другарите, се прави силен и не се плаши од ништо. Колку и да делува палаво, тој е вистински другар, со одлична смисла за хумор и желба да ги насмее сите. Токму таков е и Матео Матоски, петтоодделенецот од ОУ…

Зорка Тодорова-Младеновиќ, авторката на книгата „Како да станам моден дизајнер?“, добитничка на наградата „Златен објектив“ за 2020

Деновиве од печат излезе нејзината книга наменета за сите идни дизајнери, „Како да станам моден дизајнер?“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“. Авторката на книгата „Како да станам моден дизајнер?“, Зорка Тодорова-Младеновиќ, е добитничка на престижната филмска награда „Златен објектив“ за 2020. Признанието, кое го доделува Управниот одбор…

Документарец за промоцијата на „Becoming: Мојата приказна“ од Мишел Обама наскоро на „Нетфликс“

Документарец во кој се прикажува промотивната турнеја на автобиографијата на Мишел Обама „Becoming: Мојата приказна“, наскоро ќе се емитува на „Нетфликс“. Поранешната прва дама и онлајн платформата за емитување, најавија дека филмот ќе биде достапен за гледање од 6 мај 2020 г. (среда). ‒ Со голема возбуда ви најавувам дека на 6 мај „Нетфликс“ ќе…

Интервју со Матеј Зимбаков (Гоки): Од „Зоки Поки“ учиме дека секогаш треба да бидеме тука за другарите

Тој е среќно и весело дете. Многу сака да другарува, се разбира од техника, а мајстор е за видеоиграта „Фортнајт“ (Fortnite). Со овие зборови младиот актер Матеј Зимбаков го опишува Гоки ‒ ликот што го игра во новата ТВ-серија „Зоки Поки“. Тој признава дека не се разликуваат многу со Гоки од приказната на писателката Оливера…

Интервју со Анастасија Аневска: Многу сме слични со Лидија, двете сме ведри и дружељубиви

„Зоки Поки“ нѐ учи дека секому му се потребни другари на кои ќе може да им се верува. Другарствата мора да се негуваат. Единственото девојче во главната актерска екипа на новата ТВ-серија „Зоки Поки“, Анастасија Аневска, ја толкува улогата на Лидија – најдобрата другарка на Зоки Поки. Телевизиската адаптација на една од омилените книги за…