Од книгите секогаш учиш нешто ново

Тие се две сосема обични девојчиња, Марија (9 год.) и Магдалена (7 год.) Марјановиќ, со необична пасија за многу нивните врсници, го негуваат читањето книги со особено задоволство. Со книжевниот избор на двете сестрички веќе се запознавме преку видеосториите што ги следите на нашиот блог, а во ова интервју ви откриваме кои се Марија и…

Нурнувањето во себе е најдалечното патување

И кога зборува и кога ја читате, таа е џагорлив извор на добрина и мудрост. Авантурата со себе и напластените животни искуства ги претвори во вредна литература. Неодамна за романот „Манастир Фуентерабија“ ѝ беше врачена и наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело за 2017 година од Друштвото на писатели на Македонија. Јагода Михајловска-Георгиева. Со…

Кога ја замислувам книгата, во главата имам цртан филм

Неговата креативност не може да се „вкалупи“, таа е развивана и хранета на различни начини. И затоа неговото „Мистериозно јајце“ е интересна појава што ја освежува домашната литература за деца. Оливер Коларевски е илустратор и автор, кој тврди дека книжевноста не е загрозена од гејмификацијата, туку соодветните видеоигри ја збогатуваат детската креативност и фантазија. Неодамна…

Детето задлабочено во читање е една од највеличествените глетки на светот

Тој е меѓу водечките поети од помладата генерација во Србија, кому наградите какo „Бранкова награда“, „Бранко Миљковиќ“, „Меша Селимовиќ“, „Доситеево перо“ или, пак, меѓународната награда „Ана Франк“ не му беа предвидени додека пишувал и се забавувал со детето во него. Како тајни состојки во творештвото за деца ги има: играта, хуморот, авантурата, тајната, мистеријата и…

Никој не е поважен од Другиот

Ќе кажеме дека сака да плете, но за разлика од другите вешти плетачки, само таа умее да сплете (и сошие) раскази, романи, есеи… Оливера Ќорвезироска е писателка, есеистка, уредничка, лекторка и книжевен критичар. Автор е на романот „Заклученото тело на Лу“, збирките раскази „Страдањата на младиот лектор“, „(С)плетени раскази“, „Две перници“, „(Со)шиени раскази“…, а повод…

Не сакам да бегам од врската човек-природа-животни

Таа сака да пишува, за егзистенција тоа се новинарски текстови, а за душа е нејзината поезија и проза. Но, пишува и за деца и за возрасни, секогаш држејќи се до себе и до ставот дека време е да станеме луѓе, наместо да „еволуираме“ во крволочни диви животни кои меѓусебно почнуваат да се јадат. Нејзиниот последен…

Томислав Османли: Срцето е вистинскиот медиум на детето

Драмски писател, романописец, теоретичар, но и автор на литература за деца се назнаките што следуваат до името и презимето на Томислав Османли. Неговите дела ја означуваат македонската литература на 20 и 21 век. А меѓу нив со сигурност ќе се вброи и пиесата „Новиот цар“, како прв детски драмски текст со религиозна тема, издаден под…

Почина Арон Апелфелд, израелскиот писател кој го преживеа холокаустот

Познатиот израелски писател Арон Апелфелд, добитник на националната награда на Израел за книжевност почина вчера на 86 години. Роден е во Буковина, тогашна Романија, денес Украина, во асимилирано еврејско семејство, што себеси се сметало за европско, наведуваат израелските медиуми, иако баба му и дедо му биле религиозни Евреи. Веднаш пред холокаустот, кога Германците влегле во регионот,…

„Поинаквоста“ во литературата е добредојдена, но во животот – не

Нејзиното име е едно од асоцијациите за македонската литература, глобално. Книгите преведени на различни јазици се веќе сместени на полиците на светските библиотеки и книжарници. Зад себе остава исполнета година, а за 2018 сака освестување од јуришот кон бездната. Да се читаат вистински, вечни книги и да ја вратиме актуелноста на етиката. Лидија Димковска. Оваа…

Пишувањето роман е преживување

Во друштвото на домашни книжевни автори, таа е необична појава, пишува на англиски јазик, а потоа сама се преведува, прва објавува книга на „Киндл“, ќе ја најдете на „Амазон“… Малку писателски стаж, а многу позитивни критики за нејзините книги. Непосредно пред промоцијата на романите на „Саемот на книгата“ во Франкфурт, а потоа во Скопје и…

Сакам да им помагам на невините луѓе

Со гордост ви го претставуваме авторот на возбудливите приказни за најпознатиот фиктивен детектив на сите времиња: Шерлок Холмс. По долго патување назад во времето, во деновите кога Џорџ Петти владеел со Британската Империја, ние ќе зачекориме во собата во која еден од најголемите писатели на британската книжевност нè чека, сер Артур Конан Дојл. Годината е 1912-та;…

Интервју со Ада Дјоруп, автор на делото „Најмал отпор“

Авторката на делото Најмал отпор, Ада Дјоруп (Adda Djørup), го имаше своето деби како авторка во 2005 година со збирката поезија под наслов Monsieurs monologer. Нејзините приказни орбитираат околу егзистенцијалните теми со доза на хумор, што потполно одговара на стилот на нејзината проза и на впечатливиот филозофски осврт. Како потврда за нејзината литературна широчина, таа во 2011…

Со текот на времето се станува голем писател

Необичниот роман за млади „Отчукувања“, структуриран како преписка на социјална мрежа со фокус на вечната тема љубовта. Алгоритамот на апликацијата „Хартбитс“ е слободен простор, каде што се отвораат темите и дилемите, се споделуваат ставовите, стравовите и размислите на главните протагонисти Елија, Феникс-Маркос, Су, Томи, Марион… И меѓу многуте специфики на оваа хит-читанка, го издвојуваме авторството…

Секое дете може да биде суперхерој

Длабоко нурнување во светот на децата, без да им се додворувате, да ве засакаат и да бараат уште, тоа од рака и појде на писателката Билјана С. Црвенковска, која по првиот роман, „Што сонуваше Дедо Мраз“, го издаде и вториот „Приказни од Зеленпарк – Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“. Романот беше промовиран на неодамнешниот…

Сакам да работам со јазикот

Луксембуршката литература ја открива историјата, културата и јaзикот на еден народ што е далечен за нас, независно што нè одвојуваат неколку часови удобен авионски лет. Но, присуство на етаблираниот автор Жан Бак на Саемот на книгата во Скопје како да ни отвори нови хоризонти. Со добитникот на Европската награда за литература во 2010 година за…