Читањето е супермоќ – Развивање на читачките способности и вештини кај учениците

Издавачката куќа „Арс Ламина“ и Институтот за педагогија на Филозофски факултет при УКИМ ќе одржат бесплатни обуки на тема: „Читањето е супермоќ – Развивање на читачките способности и вештини кај учениците”. Обуките се закажани за 27 и 28 мај (понеделник и вторник), во големиот амфитеатар на Филозофскиот факултет, Скопје. Обуките се наменети за педагозите, библиотекарите,…

„Кучето што Нино го немаше“ од Едвард ван де Вендел

Наградуваната книга за деца и возрасни, „Кучето што Нино го немаше“, од младиот белгиски илустратор Едвард ван де Вендел, на суптилен начин ја отсликува уметноста за наоѓање рамнотежа помеѓу имагинацијата и реалноста. Сликовницата, што е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, раскажува емотивна и освестувачка приказна за едно осамено момче Нино,…

Марија и Маги ја читаат книгата „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“

Што се тоа бунтовни девојчиња? Зошто се бунтувале? Кои од стоте приказни за извонредните жени најмногу им се допаднаа на Марија и Маги и зошто? Во новото видео двете сестри зборуваат за книгата „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“ од Елена Фавили и Франческа Кавало. Македонското издание на првиот дел од светскиот бестселер „Приказни…

Промовирана новата сликовница „Девојче и мече“ од Ване Костуранов во „Литература.мк“

Во весела атмосфера, со многу деца, родители, љубители на современата детска литература и по некое кадифено мече, вчеравечер во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ беше промовирана новата сликовница „Девојче и мече“ од познатиот македонски илустратор и уметник Ване Костуранов. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е топла, сонувачка…

Новата сликовница од Ване Костуранов „Девојче и мече“ наскоро во издание на „Арс Ламина“

Новата сликовница од познатиот македонски илустратор и уметник Ване Костуранов „Девојче и мече“ наскоро ќе биде објавена во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации.“ Книгата, наменета за најмладите читатели, ќе биде претставена на првото издание на фестивалот за детска литература и илустрација „Литера“, што ќе се одржи на 13 и 14 април…

Во светот на бајките на Ханс Кристијан Андерсен

Беше топло и убаво лето. Во едно гнездо, близу стара пропадната куќа, една патка лежеше над шест јајца, чекајќи да се испилат. Везден, по стопати ги проверуваше, сѐ додека еден ден, на едно од јајцата не забележа пукнатина. Набргу потоа од пет јајца се видеа жолти глави. Од сите пет јајца излегоа пет убави пајчиња,…

Промовирана сликовницата „Џиновска продавница за фантазии“ од Бистра Георгиева

Новата илустрирана книга за деца „Џиновска продавница за фантазии“ од авторката Бистра Георгиева беше промовирана вчеравечер (6 март 2019 г.), во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. Книгата, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е со илустрации од шпанската илустраторка Моника Каретеро.   Уредничката на сликовницата, Билјана С. Црвенковска, на промоцијата истакна:…