Деведесет и деветти роденден на Блаже Конески, една од најзначајните личности во поновата македонска историја
Блаже Конески е македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, прозаист, есеист, книжевен историчар, филолог и јазичар, преведувач, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, академик и прв претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Роден е на денешен ден, 19 декември, во 1921 година, во селото Небрегово, Прилепско. „Јазикот е нашата татковина“…