Ладислав Цветковски: Зрак уметничка светлина во општествените црнила

Познатиот македонски ликовен уметник, графички дизајнер и универзитетски професор, Ладислав Цветковски е новиот гостин во ТВ-проектот на „Литература.мк“, „Астрорум“. Цветковски е професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а во текот на целото работно искуство интензивно ги истражува технолошките и изразните можности на електронските медиуми, а во последно време е фокусиран на дигиталната технологија…

Снежана Анастасова-Чадиковска: Преку приказните од пијаното до приказните за дружината на борот

Снежана Анастасова-Чадиковска е истакната пијанистка, професорка по пијано и музичка публицистка. Својот прв настап на концертниот подиум го бележи во 1972 година и оттогаш е постојано присутна на македонската музичка сцена. До 1984 година е претежно солист, а потоа и пијано-придружник на голем број македонски и странски музички уметници. Има настапувано во многу музички центри во Македонија…

Дани Димитровска: Рок-симфонија за 20 години музичка кариера

Дани Димитровска e една од ретките македонски музички изведувачи што низ годините се изгради во уникатен женски поп-рок вокал, останувајќи доследна на својата сценска енергичност и стилски компактен репертоар. Со појавувањето на националниот избор „Песна за Евровизија“ во 2000 година, таа беше прифатена веднаш и од публиката, но и од новинарите. Во 2004 година, песната…

Петар Младеновски – Пеце од „Суперхикс“: Четврт век музичка борба со општествените ветерници

Енергичниот фронтмен на „Суперхикс“, Петар Младеновски – Пеце, со неговата необична „банда инструментале“, четврт век се бори против општествените ветерници. Вечниот борец за правата на музичарите, неуморниот гласноговорник против неправдите врз човештвото и голем обожавател на „Вардар“ и „Барселона“ гостува во емисијата „Астрорум“ на Literatura.mk, непосредно пред јубилејниот концерт на „Суперхикс“. Имено, на 3 март…

Ѕвездан Георгиевски: Новинар во постојана борба за унапредување и промоција на културните вредности

Истакнатиот македонски новинар, колумнист, писател и преведувач, Ѕвездан Георгиевски, во ова издание на емисијата „Астрорум“ зборува за постојаната борба за унапредување и промоција на културните вредности во нашата земја. Роден е во 1961 година во Јесенице, Република Словенија. Интердисциплинарни студии по новинарство завршил на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1983 година, а…

Билјана Црвенковска, вечното девојче од приказните и животот

Во ова издание на емисијата „Астрорум“ гостува вечното девојче од приказните и животот, Билјана Црвенковска. Со неа, за миг ќе избегате од светот на возрасните во светот на децата и тоа на метлатата на Супервештерката или на санката на Дедо Мраз. Билјана Црвенковска е писателка, сценарист, уредник и преведувач. Магистер е по филозофски науки, а…

Небојша Вилиќ, на вечниот крстопат меѓу уметноста и општествената вистинитост

Во ова издание на „Астрорум“ гостува познатиот историчар на уметноста и естетичар Небојша Вилиќ. Вилиќ (1962, Велес) e редовен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Неговиот професионален интерес се движи од уметничката критика, преку теоријата на уметноста па сè до толкувањата на дигиталните уметности, субалетерната позиција на културите од Третиот свет и…