„Токсични луѓе“ од Велко Неделковски е роман за модерниот и декадентен свет

Најновиот роман на познатиот писател Велко Неделковски – „Токсични луѓе“, неодамна излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата длабоко нурнува во секојдневието на навидум обичните луѓе, семејства и приказни околу нас, во нашата земја, во нашето време. Ликовите во кои секој читател може да препознае свој познајник…

Седум книги во издание на „Арс Ламина“ во конкуренција за наградата Роман на годината

Седум книги во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, влегоа во конкуренција за наградата Роман на годината за 2022 година. Станува збор за насловите: „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков, „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од Влада Урошевиќ,…

Александар Прокопиев: „Танцот на шарените шамичиња“ ги поттикнува децата да не се откажуваат од своите соништа

Во присуство на многубројна публика од сите генерации, книжевници и новинари, вчеравечер (16 јануари), во топлиот амбиент на книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ беше промовирана новата сликовница „Танцот на шарените шамичиња“ од познатиот писател и книжевник Александар Прокопиев. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е со…

Промоција на сликовницата „Танцот на шарените шамичиња“ од Александар Прокопиев

Новата сликовница „Танцот на шарените шамичиња“ од познатиот писател и книжевник Александар Прокопиев ќе биде промовирана на 16 јануари (понеделник), во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“. Илустрациите се на Сања Симоска, а уредничка на книгата е Оливера Ќорвезироска. Сликовницата, која е во издание на „Либи“, импринт на „Арс Ламина –…

Сликовници за важните нешта при растењето

Едицијата „Железница на чувствата“, во рамките на импринтот „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се збогати со нови четири сликовници за деца над петгодишна возраст, од авторката Маја Мишевска. Живописните илустрации се авторско дело на познатиот и светски афирмиран илустратор Михајло Димитриевски – Тхе Мичо. Приказната зад приказните на Маја Мишевска е благородна и…

Три нови возбудливи шпионски трилери од Кен Фолет во издание на „Арс Ламина“

Три нови возбудливи шпионски трилери, сместени за време на Втората светска војна: „Низ иглени уши“, „Клучот за Ребека“ и „Страчки“, од познатиот велшки писател Кен Фолет, излегоа од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата „Низ иглени уши“, која првично била публикувана во 1978 година, е добитник на престижната…

„Огледало во Македонија“ од Нил Фолберг е книжевна фоторепортажа за фолклорната култура на нашата земја

Новата монографија „Огледало во Македонија“ од Нил Фолберг, која деновиве излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е книжевна фоторепортажа за убавините на нашата земја. Книгата е со поговор на професорката Илина Јакимовска од Институтот за етнологија и антропологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Привлечен…

„Градина од стакло“ од Татјана Цибуљак е стилско ремек-дело за животот на „малите“ луѓе за време на распадот на СССР

„Треба да си сосема луда за да ѝ поверуваш на една книга. Ама, јас ѝ поверував.“ Романот-добитник на наградата на Европската унија во 2019 година, „Градина од стакло“ од романската писателка Татјана Цибуљак, деновиве излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ . Романот е еден од насловите за…

Топ 10 најпродавани книги за возрасни од „Арс Ламина“ во 2022 година

Новата книга од Зоран Спасов Ѕоф, „Џабе живиш у Скопје“, е најпродаван наслов во издание на „Арс Ламина – публикации“ во 2022 година. Овој т.н. „водич до сигурна смрт од смеење“, кој беше промовиран на средината на декември, за многу кратко време стана најбаран наслов во сите поголеми книжарници. Делото е своевидно оддолжување на авторот…

Најпродавани топ 10 изданија за деца и млади од „Арс Ламина“ во 2022 година

Популарните интерактивни пиши-бриши вежбанки со маркер „Животните од Африка“ и „Животните од Австралија“ се најбараните изданијата за деца и млади од „Арс Ламина“ во 2022 година. На втората позиција на топ 10 листата се најде првата книга од серијалот за Хари Потер од Џ. К. Роулинг – „Хари Потер и Каменот на мудроста“. Следуваат двете…

Билјана Лотеска: Сликовницата „Жолти чорапи“ им ги открива на децата сите бои на емоциите

Триесетгодишната работа како воспитувачка во детска градинка, едукаторката и авторка Билјана Лотеска деновиве ја круниса со објавувањето на својата прва сликовница „Жолти чорапи“, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за топла, лирска приказна за препознавање на чувствата кај децата раскажана на лесен, забавен и симболичен начин преку…

„Последната годишнина“ од Лијан Моријарти е роман за бегството од навидум совршениот живот

Од авторката на бестселерите „Девет совршени туѓинци“ и „Три желби“, Лијан Моријарти, од печат излезе романот „Последната годишнина“. Верзијата на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Главната протагонистка Софи Ханивел отсекогаш се прашувала дали згрешила кога го оставила Томас Гордон. Бил совршен, но на денот кога ја…

Објавено класичното дело „За управувањето со царството“ од Константин Порфирогенет

Издавачката куќа „Арс Ламина“, под импринтот „Арс Либрис“ неодамна го објави класичното дело „За управувањето со царството“ од Константин Порфирогенет. „За управувањето со царството“ е латинскиот наслов на делото „На мојот син Роман“, напишано во оригинал на средновековен грчки јазик, од царот Константин VII Порфирогенет. Станува збор за теориски, дипломатски прирачник за внатрешната и надворешната…

„Арс Ламина“ донираше изданија за деца за хуманитарната акција на Црвен крст – „Подари пакетче, подари радост“

Со донација на новогодишни и зимски изданија за деца, издавачката куќа „Арс Ламина“ по четврти пат се вклучи во предновогодишната хуманитарна акција на Црвен крст – Кисела Вода, „Подари пакетче, подари радост“. Боенките, сликовниците и книгите со активности беа дел од пакетчињата што на 23 декември 2022 година, волонтерите од Клубот на млади им ги…

Романот „Ние“ од Ана Стојаноска ја раскажува љубовната приказна низ призмата на жената и низ призмата на мажот

Четвртиот роман на писателката Ана Стојаноска, „Ние“, деновиве излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Ракописот на Стојаноска влезе во потесниот избор за наградата „Пегаз“ за 2021 година (заедно со „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков, кој ја доби наградата „Пегаз“, и „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска),…