Лукаш и Камењаров: Со „Поклони се и почни“ им порачуваме на децата да не престанат да се радуваат и да другаруваат

Со римување, микрофони и креативна игра со штурчето Свирче, богомолката Богдана и дабарот Дрварко – создадени од вештите рачиња на децата, во петокот (втори декември), беше промовирана новата сликовница „Поклони се и почни“. Пред младите читатели во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ се поклонија: авторот Владимир Лукаш, илустраторот Љубиша Камењаров и уредничката Оливера…

Владимир Лукаш: „Поклони се и почни“ им порачува на децата никогаш да не престанат да се радуваат!

Една година по промоцијата на стихозбирката за деца „Ши, ѕифри, копчи“, познатиот автор и сестран визуелен уметник, Владимир Лукаш, ја објавува својата втора сликовница во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, „Поклони се и почни“. Тој е автор на текстот, а илустрациите ги нацрта уметникот Љубиша Камењаров. Книгата ќе биде промовирана денеска…

Новата сликовница „Поклони се и почни“ од Владимир Лукаш и Љубиша Камењаров ќе биде промовирана заедно со работилница за деца

Новата книга за деца „Поклони се и почни“, со текст на Владимир Лукаш и илустрации од Љубиша Камењаров, ќе биде промовирана на втори декември (петок), во 18:30 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“. Промоторка на сликовницата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Оливера…

„Ќе се најдеме во Бомбај“ е трогателна и нежна приказна за една забранета љубов

Претпразничната понуда на издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“ деновиве се збогати со новиот роман „Ќе се најдеме во Бомбај“ од британската авторка на историска фикција – Џени Ешкрофт. Книгата е во издание на импринтот „Арс Либрис“ и е достапна во сите поголеми книжарници во државата. Џени Ешкрофт има дипломирано историја на универзитетот „Оксфорд“ и…

Јелена Лужина: Со поемата „Нова Атлантида“ Петре Бакевски полноправно влегува во македонските книжевни класици

Во присуство на членовите на семејството, многубројни познати писатели и новинари, пријатели, соработници и почитувачи на творештвото на истакнатиот македонски писател Петре Бакевски, на 23 ноември, во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје беше промовирано неговото последно дело – „Нова Атлантида“. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина –…

„Пијанистика 1“ на м-р Дирона Соколовска е нова публикација со основи на музичката писменост за пијано

Новата книга „Пијанистика 1: Основи на музичката писменост за пијано“ на м-р Дирона Соколовска неодамна излезе од печат во издание на „Арс Ламина“. Публикацијата претставува учебно помагало за целосно изучување на техниката на интерпретација на музичкиот инструмент пијано, наменето пред сè за возрасни почетници, вклучително и учениците во средните музички училишта кои немаат претходно музичко…

Златко Василкоски доби признание од Општина Велес за книгата „Мултиверзум за почетници“

Авторот на првата популарна книга за космологија, астрономија и космогонија напишана на македонски јазик – „Мултиверзум за почетници“, проф. д-р Златко Василкоски, доби признание од Општина Велес, што се доделува по повод 9 ноември – Денот на ослободувањето и Денот на Општината. Благодарницата му е врачена за меѓународна афирмација на Велес и Македонија во областа…

Black Friday во книжарниците на „Литература.мк“ од 23 до 27 ноември

Во рамките на големиот шопинг-настан Black Friday (Блек фрајдеј), од денеска (23 ноември), па сѐ до 27 ноември (недела), во книжарниците на „Литература.мк“ ќе има попусти до 70 отсто на книги и 30 отсто на дел од гифт-програмата. На листата со намалувања се многубројни бестселери, современи класици и книги за деца и млади од издавачката…

Промоција на последното дело од Петре Бакевски – поемата „Нова Атлантида“

Последното дело од истакнатиот македонски писател Петре Бакевски, „Нова Атлантида“, што е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде промовирано на 23 ноември (среда), во 19 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. Промотори на книгата ќе бидат етаблираната критичарка, есеистка и театролог Јелена Лужина, познатиот новинар…

Волшебна работилница инспирирана од Исидора Мун во „Кафе Литература“ во „Ист гејт“

Исидора Мун е половина самовила, половина вампир и целосно уникатна! Препознатлива е по нејзините црни и розови фустанчиња со светки, волшебното стапче со ѕвездичка и магичните крилја, како и по нејзиното најверно пријателче – Розовото Зајаче. Исидора Мун е лик излезен од фантазијата на авторката Хариет Мункастер, но воедно таа е и непресушна инспирација за…

Зоран Спасов Ѕоф: Книгата „Џабе живиш у Скопје“ е водич до сигурна смрт од смеење

Со многу хумор, анегдоти, смеење до солзи и музика, на 16 ноември, во скопскиот локал „Интермецо мјузик бар“ се одржа промоцијата на новата книга на Зоран Спасов Ѕоф, „Џабе живиш у Скопје“. Книгата, како и претходните хит-романи на Ѕоф: „Торонто експрес“ и „Тито, мојот претпоследен херој“, е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина…

Промоција на „Џабе живиш у Скопје“ од Зоран Спасов Ѕоф во „Интермецо“

Новата книга на Зоран Спасов Ѕоф, „Џабе живиш у Скопје“, ќе биде промовирана на 16 ноември (среда), со почеток во 20 часот, во скопскиот локал „Интермецо мјузик бар“ (Intermezzo Music Bar). Специјални гости на настанот ќе бидат шоуменот Игор Џамбазов, Бранко Огњановски (познат како Миле Паника) и Сашо Мацановски-Трендо. Книгата, како и претходните хит-романи на…

Со 10 книги посветени на Скопје го одбележуваме 13 Ноември

Скопје, книжевна радост ти ќе бидеш! Денеска (13 ноември) одбележуваме 78 години од ослободувањето на град Скопје. На овој ден во 1944 година борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободиле Скопје од фашистичката окупација. Нашата метропола е инспирација за многу домашни автори, уметници и креативци. Се…

Стефан Тиќми: „Капут од мов“ е потсетување дека уметноста ќе го спаси светот

Како во прегратката на раскошна крошна од дрво (со книги), во пријатниот и топлиот амбиент на книжарницата „Литература.мк“ на улица „Македонија“, вчеравечер (9 ноември) беше промовиран новиот роман за деца и млади „Капут од мов“ од наградуваниот српски писател Стефан Тиќми. Магијата од оваа модерна бајка, која на македонски јазик е во издание на „Либи“,…

„Исидора Мун и ѕвездата паѓалка“ е најбараната книга за деца во „Литература.мк“ во октомври

Новата волшебна приказна за најпознатата вампир-самовила „Исидора Мун и ѕвездата паѓалка“ е најпродавана книга за деца во книжарниците „Литература.мк“ во октомври. Станува збор за 14-тата книга од серијалот на авторката Хариет Мункастер, објавен на македонски јазик во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Двете нови изданија од популарниот интерактивен серијал „Пиши-бриши“: „Животните…