#bookstagram интервју со @bookreaders_community

Катерина Павловска и Саше Паневски се гости во нашето трето интервју од серијалот #bookstagram интервјуа. Тие се креатори на профилот @bookreaders_community, кој е на листата на омилени #bookstagram профили на многумина читатели и инстаграм-корисници. Веќе долго ги следиме нивните постови со препораки за читање и искрено се радуваме кога ќе видиме кај нив книга што…

Го одбележуваме Денот на жената со 20 инспиративни книги во издание на „Арс Ламина“

Бунтовни, храбри, силни, креативни, амбициозни, смели, весели, дружељубиви, заводливи, нежни, уникатни, самостојни, инспиративни… Ова се само дел од карактеристиките на жените околу нас. Од секоја можеме да научиме нешто и да се мотивираме. Во секоја жена лежи уникатна, неповторлива приказна… Такви се и жените од инспиративните книги во издание на „Арс Ламина“, со кои го…

„Жолти чорапи“ е најбараното издание за деца во „Литература.мк“ во февруари

Новата сликовница посветена на чувствата, „Жолти чорапи“ од Билјана Лотеска, е најпродаваното издание за деца во „Литература.мк“ во февруари. На втората позиција на топ 10 листата се најдоа двете нови книги од авторката на популарниот серијал „Исидора Мун“, Хариет Мункастер: „Мирабела прави палавости“ и „Мирабела ги крши правилата“. Следуваат „Шах за деца“ од Сабрина Шеванес…

Топ 10 најпродавани книги во „Литература.мк“ во февруари

Психолошкиот трилер „Рандеву“ од Луиз Џенсен, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е најпродавана книга во книжарниците на „Литература.мк“ во февруари. На листата со топ 10 најбарани наслови се најдоа и бестселерите: „Три желби“ од Лијан Моријарти, „Дејзи Џонс енд Д сикс“ од Тејлор Џенкинс Рејд и „Седумте мажи на…

#Bookstagram интервју со @bibliophiles_____

Продолжуваме со интервјуата со најпосветените #bookstagram корисници кои го збогатуваат онлајн-просторот со своите препораки, рецензии и воопшто убав пишан збор и секогаш се активни поддржувачи и пријатели на македонските издавачи. Во второто од серијата #bookstagram интервјуа ве запознаваме со две прекрасни девојки, Билјана и Моника, кои „се кријат“ зад профилот @bibliophiles_____, кој секојдневно и неизбежно…

Се чека ред за позајмување на „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков во библиотеките

Наградуваниот роман „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков, кој беше избран за книга за месецот февруари во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, предизвика голем интерес кај читателите. Имено, за книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, има долга листа за позајмување од библиотеките. Во рамките на…

Новите романи на Влада Урошевиќ и Хари Кацановски, во издание на „Арс Ламина“, се меѓу десетте финалисти за наградата Роман на годината

Новите романи на Влада Урошевиќ и на Хари Кацановски, кои се во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, влегоа меѓу десетте финалисти за наградата Роман на годината. Станува збор за седмиот роман на академик Урошевиќ – „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за…

#Bookstagram интервју со @prodolzidacitas

Секој збор, секоја реченица, секоја страница е залудно напишана ако не си го пронајде патот до своите читатели. Секоја книга е залудно издадена ако не му останала во сеќавање барем на еден читател. За среќа и на огромно задоволство, македонскиот книжевен простор е исполнет со активни и ревносни читатели кои секојдневно го користат својот социјален…

Јана Мишо: Се надевам дека еден ден ќе ја сретнам вистинската Лулу – жена „еднорог“ која работи во ковачница

Среќа е полна шолја со омиленото кафе и добра книга. Тоа е одлична најава за убаво поминато време, но и совршено бегство од секојдневието. Во пријатниот амбиент на „Кафе Литература“, во срцето веќе добро познатата книжарница „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“, неодамна се одржа еден таков совршен спој на вкусното кафе и книжевноста. Во…

Татјана Цибуљак: Во „Градина од стакло“ правам паралела помеѓу созревањето на личноста и создавањето на една независна држава

Романот „Градина од стакло“ од романската писателка Татјана Цибуљак, кој е еден од насловите во новата едиција „Порта Европа“ на издавачката куќа „Арс Ламина“, беше претставен вчеравечер (28 февруари). На онлајн-промоцијата, покрај авторката Цибуљак, се вклучија и уредничката на книгата Оливера Ќорвезироска и Ермис Лафазановски, кој ја преведе книгата од романски јазик. Тој помогна и…

Промоција на „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска во библиотеката „Гоце Делчев“ во Велес

Новиот роман „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска ќе биде промовиран на втори март (четврток), во 14 часот, во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес. Промоторка на книгата ќе биде Бети Бандиловска. Романот, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“,  влезе во потесниот избор за книжевната награда „Пегаз“ за 2021…

Книгата „МАРТИНКИ: конци, плетки и црвено-бели сплетки“ – подарок со секоја сметка во „Литература.мк“ на 1 март

Овој први март потсетуваме на традицијата и ве наградуваме! Во сите книжарници на „Литература.мк“, со секоја сметка следува подарок примерок од специјалното издание „МАРТИНКИ: конци, плетки и црвено-бели сплетки“. Традиционално, на први март се изработуваат мартинки. Тоа се украси од засукани конци (од волнено или памучно предиво) во две бои – црвена и бела. Боите…

Романот од едицијата „Порта Европа“  – „Градина од стакло“ од Татјана Цибуљак ќе биде промовиран онлајн

Наградуваниот роман „Градина од стакло“ од романската писателка Татјана Цибуљак ќе биде претставен со онлајн-промоција на 28 февруари (вторник), во 19 часот, на фејсбук-страницата на „Арс Ламина“. На промоцијата, покрај авторката Цибуљак, ќе зборуваат и уредничката на книгата Оливера Ќорвезироска и Ермис Лафазановски, кој ја преведе од романски јазик. Книгата „Градина од стакло“, која е…

Влада Урошевиќ: Во време кога сите сакаат да напишат современ, јас напишав старовремски роман

Во присуство на многубројна книжевна публика, претставници од медиумите и читателска публика од сите генерации, вчеравечер (23 февруари), во киното „Фросина“ беше промовиран најновиот роман на академик Влада Урошевиќ – „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“. На промотивниот настан беа претставени и неговите евергрин-дела…

Нов волшебен серијал „Мирабела“, со палавата братучетка на Исидора Мун

Од авторката на популарниот серијал „Исидора Мун“, Хариет Мункастер, од печат излегоа две нови книги, за Мирабела Ѕвездомагиевска. Станува збор за книгите „Мирабела прави палавости“ и „Мирабела ги крши правилата“, кои се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Семејството на Мирабела е посебно, а сите љубители на Исидора Мун веројатно веќе…