Нова акција на „Арс Ламина“ за месецот на менталното здравје: Книги за личен развој и самопомош на попуст до 20 отсто

Мај е месец посветен за подигнување на свеста за менталното здравје. Менталното здравје е составен дел на општото здравје, а претставува важен сегмент во балансот и сигурноста на поединецот, семејството и работниот колектив.

Со цел зголемување на свесноста за психичката состојба, издавачката куќа „Арс Ламина“ оваа година го одбележува месецот на менталното здравје со акција во која ги прави книгите со оваа тематика подостапни до сите читатели. Имено, во акцијата, која ќе се реализира од 18 до 31 мај 2023 година, во сите продажни места на изданија на „Арс Ламина“ книгите за личен развој и самопомош ќе бидат со (препорачан) попуст до 20 отсто.

Во кампањата се вклучени 18 наслови, од релевантни домашни и странски автори.

Станува збор за книгите што поттикнуваат личен развој, креативност и професионален успех: „Без правила“ од Рид Хејстингс и Ерин Маер, „Да се смислува и да се талка“ – Џеф Безос, „Завршете со позитивна нула“ од Бил Перкинс, „Распаметен: петнаесет размислувања за креативноста, умот и бизнисот“ и „Упатство за употреба на креативниот ум“ од Дејв Бирс и „Паун во Земјата на Пингвините“ од Б. Џ. Галагер Хејтли и Ворен Х. Шмит.

Вклучени се и бестселерите за самопомош: „Е баш ме заболе“ и „Сè е за*бано“ од Марк Менсон, „Мала книга за хиге“ и „Уметноста на создавање спомени“ од Мајк Викинг, „Уметноста на едноставното живеење“ од Шунмио Масуно, како и мотивациските наслови: „Гласот во нашата глава, зошто е важен и како да го користиме“ од Итан Крос, „Не слушате кога ви зборуваат: Што пропуштате да слушнете и зошто е важно тоа“ од Кејт Марфи, „Океј сум! Помагајте!“ од Анабел Ривкин и Емили Мекмикан. На листата се и мотивациски книги од домашни автори, како: „Зошто јас?“ од Мартин Јованоски и „Инспирирај се за промени“ од Радмила Костова-Мила и Иван Лапчевиќ.

Изданијата на попуст се достапни во поголемите книжарници и во сите книжарници на „Литература.мк“.

Каталогот со сите изданија нa попуст можете да гo погледнете подолу:

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.