Почина познатата хрватска и европска писателка Дубравка Угрешиќ

Photo: Shevaun Williams

Познатата хрватска и европска писателка Дубравка Угрешиќ почина денеска (17 март 2023 г.), во 73 година од животот,  во Амстердам, јавуваат хрватските медиуми. Угрешиќ, која е родена на 27 март 1949 година, се етаблираше како една од најистакнатите европски книжевнички и есеистки. Од нејзините рани постмодернистички дела, преку елегичното соочување со распаѓањето на нејзината југословенска татковина и промените после паѓањето на Берлинскиот ѕид, до записите за популарната и книжевната култура, нејзиното дело е обележано со ретка комбинација на иронија, полемичност и сочуствителност.

Угрешиќ живееше и работеше во Амстердам. Изложена на јавен прогон и медиумско шиканирање, ја напушта Хрватска во 1993 година. Од тие причини секогаш се позиционираше како транснационална и постнационална писателка и се застапуваше за правото на авторите и авторките да не признаваат и да не ги почитуваат етничките и националните граници.

Нејзини најпознати дела се: „Штефица Цвек во челустите на животот“, „Форсирање на романот река“, „Култура на лагите“, „Баба Јага снесе јајце“, „Лисица“.

Во егзил кој со текот на времето стана емиграција, нејзините книги се преведени на бројни јазици. Предаваше на повеќе американски и европски универзитети, вклучувајќи го и Харвард, UCLA, Колумбија и Слободниот универзитет во Берлин. Добитничка е на важни книжевни признанија меѓу кои и НИН-овата награда и Меѓународната награда за книжевност Neustadt.

Контрапункт и КРИК – фестивал за критичка култура заедно со Мултимедијалниот институт од Загреб, во изминатава година, во пријателска комуникација и соработка со Дубравка Угрешиќ ги подготвија и преведоа нејзините книги: „Штефица Цвег во челустите на животот“, „Тука нема ништо“, „Црвеното училиште“ и „Тука нема ништо“. Други нејзини дела преведени на македонски јазик се: „Доба на кожата“, „Европа во сепија“, „Лисица“, „Музеј на безусловното предавање“, „Забрането читање“, „Култура на лагата“, „Баба Јага снесе јајце“, „Министерство на болката“ и „Нема никој дома“.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.