„Резерва“ – мемоарите на принцот Хари наскоро во издание на „Арс Ламина“

Една од најочекуваните книги оваа година, мемоарите на принцот Хари, „Резерва“, наскоро ќе биде објавена на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Автобиографијата на војводата од Сасекс за кратко време по објавувањето на почетокот на оваа година стана еден од најбараните наслови. Според Гинисовата книга на рекорди, „Резерва“, на денот на нејзиното излегување во печат, станала најбрзо продаваната книга од областа на нефикцијата на сите времиња. Книгата е бестселер на „Њујорк тајмс“ и доби генерално позитивни оценки од книжевните критичари. Тие ја пофалија отвореноста на Хари, а поделени се мислењата околу откривањето на премногу лични детали. Досега е преведена на повеќе од 15 јазици, меѓу кои и на македонски.

Во книгата, принцот Хари открива детали од неговото детство и длабокиот ефект од смртта на неговата мајка, Дијана, принцезата од Велс, како и неговите проблематични тинејџерски години и последователното распоредување во Авганистан со британската армија. Пишува за односот со неговиот брат, принцот Вилијам, и неговиот татко, кралот Чарлс Трети, и бракот на татко му со Камила Паркер Боулс, како и за неговото додворување и бракот со американската актерка Меган Маркл, сè до повлекување на двојката од нивната кралски улоги.

Во неа, по првпат, Хари ја раскажува неговата приказна со сурова и непоколеблива искреност. Оваа исклучителна книга ни дава увид во откровенијата, самоиспитувањето и тешко стекнатата мудрост за вечната моќ на љубовта над тагата.

Една од највпечатливите фотографии на 20 век е таа со две момчиња, двајца принцови, кои чекорат зад ковчегот на нивната мајка додека светот гледа со тага – и со ужас. Додека траеше погребот на принцезата Дијана, милијарди луѓе се прашуваа што мислат и што чувствуваат принцот Вилијам и принцот Хари – и како ќе се одвиваат нивните животи од тој момент понатаму.

За Хари, ова е конечно таа приказна.

Пред да ја изгуби мајка му, дванаесетгодишниот Хари беше познат како безгрижната и среќна резерва на многу посериозниот наследник. Тагата промени сè.

Се бореше на училиште, се бореше со гневот и осаменоста – и бидејќи го обвини печатот за смртта на неговата мајка, се бореше да го прифати животот во центарот на вниманието.

На 21 година се приклучи на британската армија. Дисциплината му даде структура, двете учества во борбени дејства го направија херој дома. Но, наскоро ќе се почувствува поизгубен од кога и да е, ќе страда од посттрауматски стрес и панични напади. Згора на тоа, не може да ја најде вистинската љубов.

Потоа ја запознава Меган. Светот беше обземен од филмската романса на двојката и се радуваше на нивната бајковита свадба. Но, уште на почетокот, Хари и Меган беа жртви на новинарите, подложни на бранови злоупотреби, расизам и лаги. Гледајќи го страдањето на сопругата, ризиците по нивната безбедност и ментално здравје, Хари не виде друг излез за спречување на трагедијата од историјата што се повторува освен да ја напушти родната земја. Низ вековите, напуштањето на кралското семејство било нешто на кое се осмелиле само неколкумина. Последната која се обиде е всушност неговата мајка…

Книгата првично беше објавена на англиски јазик, на десетти јануари 2023 година, во издание на „Пингвин рандом хаус“. Покрај печатената, има и 15-часовна аудиокнига, во која зборува самиот Хари. Објавувањето беше најавено со голема ПР-кампања, со неколку големи интервјуа на принцот Хари во медиумите.

„Резерва“ на македонски јазик ќе биде достапна во сите продажни места на „Литература.мк“ и www.literatura.mk, како и во сите поголеми книжарници во нашата земја.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.