Шест книги од „Арс Ламина“ влегоа во првата селекција за наградата Роман на годината

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2022 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, ја направи првата селекција од пристигнатите 35 романи, избирајќи 19 наслови што ја продолжуваат трката за престижната награда. Kомисијата, во состав Симона Јованоска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Илир Ајдини, Гоце Ристовски, Сашо Кокаланов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), заклучи дека годинашната продукција се одликува со широка жанровска и тематска разновидност.

Во првата селекција влегоа шест книги се во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за насловите: „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков, „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од Влада Урошевиќ, „Смртта нe е крај“ од Владо Јаневски, „Анатрос“ од Хари Кацановски, „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска и „Ние“ од Ана Стојаноска.

Жири-комисијата и годинава ќе направи неколку селекции на пристигнатите романи. Жири-комисијата е должна да го соопшти името на добитникот до 15 март. Наградата Роман на годината годинава ќе биде доделена по 24-ти пат. Наградата се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.