„Те знам“ – нов напнат трилер од Клер Мекгован

Од авторката на бестселерот „Што направи?“ – Клер Мекгован, неодамна од печат излезе новиот напнат трилер „Те знам“. Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Една жена наоѓа мртво тело. Дали ќе ја направи истата грешка како минатиот пат?

Кога Рејчел ќе наиде на тело во шумата, знае што треба да направи: да трча. Да избега. Да не биде пронајдена на местото на злосторството. Минатиот пат, таа не знаеше и заврши обвинета за убиство. Но, кога оваа жртва е идентификувана како отуѓената сопруга на нејзиното момче, Рејчел сфаќа дека веќе е главната осомничена.

Со сè повеќе докази против неа, единствената надеж на Рејчел е добро да ја прикрие вистината за себе. Затоа што, дваесет години претходно, таа беше некоја друга – Кејси, млада дадијарка со амбиција да стане актерка во Лос Анџелес. Кога семејството за кое работеше се брутално убиени, сите докази упатуваа на неа и таа заврши во затвор. За влакно избегна смртна казна и успеа со жалба да излезе од затвор. Сега се бори да го спаси животот што со години го градеше внимателно.

Но, како што нејзиното однесување е сè посомнително, а полицијата сè поблиску, таа се прашува: дали наоѓањето тело во шумата е ужасна коинциденција или, пак, некој ја мести за убиство? Некој што знае која е и сака одмазда…

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=15010

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.