Серијалот за генијалниот детектив Шерлок Холмс, во издание на „Арс Ламина“, збогатен со уште три книги

По „Студија во скарлетна боја“, „Авантурите на Шерлок Холмс“ и „Баскервилскиот пес“, деновиве од печат излегоа уште три романи од серијалот за генијалниот детектив Шерлок Холмс од Артур Конан Дојл, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за: „Знакот на четворката“, „Пред да падне завесата: некои сеќавања на Шерлок Холмс“ и „Мемоарите на Шерлок Холмс“. Книгите веќе се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку http://www.literatura.mk.

Артур Конан Дојл (22 мај 1859 година, Единбург, Шкотска – 7 јули 1930, Минстид, Англија) е шкотски писател најпознат по детективските приказни за Шерлок Холмс, што се сметани за најголема иновација на полето на криминалистичката научна фантастика. Тој е автор на историски дела, романи со научна фантастика, драми, поетски дела и реалистични дела.

Од 1876 до 1881 година, додека студирал медицина на Универзитетот во Единбург, почнал со пишување раскази. Првиот расказ го објавил на 20-годишна возраст во весникот „Чемберс Единбург журналс“. Работел како лекар на брод што се движел до западна Африка. Во 1882 година отворил мала амбуланта со неговиот партнер и пријател Џорџ Бад, но соработката се покажала неуспешна и набрзо се прекинала. Затоа, Конан Дојл решил сам да отвори мала клиника во Саутси. Додека работел во својата не толку успешна работа, тој повторно почнал со пишување раскази. Негово прво позначајно дело било „Студија во скарлетна боја“, каде што по првпат се појавува ликот на Шерлок Холмс.

Дојл ја напишал приказната за Холмс кога имал 27 години, и тоа само за три недели. Како инспирација за создавање на ликот на Шерлок му послужил неговиот професор од факултет, Џозеф Бел, кој можел само со еден поглед да им ја дијагностицира болеста на пациентите. Подоцна, кога Радјард Киплинг му честитал на Дојл за успехот на неговиот јунак, го прашал дали се работи за неговиот стар пријател доктор Џо? Големо влијание во креирање на ликот на детективот има и фиктивниот детектив Август Дупин, кој се појавува во две новели на Едгар Алан По. Ракописот „Студија во скарлетна боја“ бил одбиен од многу издавачи, додека на крајот не го прифатила една мала издавачка куќа, која дотогаш објавувала книги за кулинарство и домаќинство. Тиражот не поминал добро, а набрзо паднал и во заборав. Артур Конан Дојл напишал 56 кратки приказни, а објавил шест книги за Шерлок Холмс. Денес важи за ден од најпознатите книжевни ликови, со неколку стотици филмски и театарски изведби.

Во продолжение е содржината на новите три книги од овој серијал:

„Знакот на четворката“

Последните четири години, младата дама Мери Морстон добива многу невообичаен подарок: „многу голем и сјаен бисер“. Пред десет години, пак, нејзиниот татко мистериозно исчезнува и никогаш не е пронајден. Сега, по толку изминати години, таа добива покана да го сретне својот непознат доброчинител. Како треба да постапи? Само Шерлок Холмс има одговор на ова прашање. Тој и д-р Вотсон ќе ја придржуваат младата госпоѓица на закажаната средба.

Романот „Знакот на четворката“, објавен во 1890 година, е вториот роман за лондонскиот детектив-аматер и неговиот помошник. Тука, познатиот двоец се соочува со една од најинтересните мистерии во нивните кариери: украдено индиско богатство, нераскинлива заклетва, едноног криминалец, канибал од тропските острови и демони од минатото, се само дел од оваа типична викторијанска авантура.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=15014

„Пред да падне завесата: некои сеќавања на Шерлок Холмс“

Хроничарот на Шерлок, д-р Вотсон, уште еднаш ја отвора својата тетратка и ни открива низа нови случаи во кои се испреплетува секојдневното со чудното, бизарното и морбидното. Овие мистерии вклучуваат исчезнување на тајни планови од исклучителна политичка важност, но и на една богата, благородна дама; убиства што на прв поглед изгледаат како да се дело на ѓаволот; и интернационална шпионска војна, чијшто главен протагонист ни е познат на сите. Сите овие случаи, без разлика дали се светски или локални, го засегаат Шерлок Холмс.

Книгата „Пред да падне завесата: некои сеќавања на Шерлок Холмс“, објавена во 1917 година, е четвртата збирка раскази посветена на познатиот детектив и неговиот помошник д-р Вотсон. Оваа збирка содржи интересна мешавина од некои од најморбидните („Стапалото на ѓаволот“) и најполитичките („Плановите на Брус-Партингтон“, „Пред да падне завесата“) раскази на Артур Конан Дојл.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=15015

„Мемоарите на Шерлок Холмс“

Најпознатиот детектив на светот продолжува да ја демонстрира својата брилијантност во решавањето на најразлични, бизарни случаи. Исчезнат коњ ден пред важна трка; скриено богатство во прастара куќа; пациент кој се појавува и исчезнува – сите овие случаи тој ги решава со помош на верниот д-р Вотсон, но и на својот генијален, мрзлив брат, Мајкроф Холмс. Сепак, притаено зло го обвива Лондон: се ближи соочувањето со проф. Моријарти, најголемиот непријател на Шерлок Холмс, а малите случаи стануваат обични нишки во интернационалната злосторничка мрежа на криминалниот гениј. Книгата „Мемоарите на Шерлок Холмс“, објавена во 1893 година, е втората збирка раскази на култниот детектив и неговиот помошник. Оваа книга содржи неколку од најдобрите приказни на Артур Конан Дојл, меѓу кои се вбројуваат „Сребрениот блесок“, „Мазгрејвскиот ритуал“ и „Последниот проблем“.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=15016

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.