„Огледало во Македонија“ од Нил Фолберг е книжевна фоторепортажа за фолклорната култура на нашата земја

Новата монографија „Огледало во Македонија“ од Нил Фолберг, која деновиве излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е книжевна фоторепортажа за убавините на нашата земја. Книгата е со поговор на професорката Илина Јакимовска од Институтот за етнологија и антропологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Привлечен од Македонија во 1971 година од нејзината динамична фолклорна култура, Нил Фолберг добива стипендија од Универзитетот на Калифорнија во Беркли за да помине пет месеци фотографирајќи ја земјата и луѓето во оваа нерамна, планинска земја, во тоа време дел од Југославија. Полицијата и службите за државна безбедност ја комплицираат задачата на Фолберг. Во својот есеј, Фолберг пишува за неговата работа, за социјалниот и уметничкиот контекст и за неговите разговори со мајсторите покрај кои студирал, фотографите Ансел Адамс и Вилијам Гарнет. Гледајќи наназад од перспектива на педесет години, Фолберг пишува: „Каде се сите тие анонимни луѓе кои ги запознав, секој со своја приказна? Каде се тие денес? Сите тие се тука, на овие фотографии. Но, тука е и изненадувањето: гледајќи наназад низ овие прозорци наоѓам огледало што ме одразува мене, 21-годишен студент од Беркли. Се гледам себеси како поставувам статив и фотоапарат на јавен плоштад, каде што луѓето или поминуваат околу мене или ми приоѓаат, привлечени или одбиени од мојот фотоапарат. Тајни агенти ме следат, но јас не ги гледам. Се набљудувам себеси во огледалото на времето“.

Нил Фолберг е роден во Сан Франциско во 1950 година. Денес живее во Израел, каде што ја води галеријата „Визија“ во Ерусалим. Има објавено многу книги, меѓу кои и „И јас ќе живеам меѓу нив“ (And I Shall Dwell Among Them) и „Небесни ноќи“ (Celestial Nights). Неговите фотографии се изложувани во музеи и галерии низ целиот свет, а неговите принтови се наоѓаат во големи музејски колекции.

„Начинот на живот прикажан овде, без разлика колку е суров, се чини како интегрирана, органска целина, хранливa како тврд црн леб“, се вели во објавата на „Сент Луис пост диспеч“.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн, преку www.literatura.mk, на следниот линк: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14981

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.