„Последната годишнина“ од Лијан Моријарти е роман за бегството од навидум совршениот живот

Од авторката на бестселерите „Девет совршени туѓинци“ и „Три желби“, Лијан Моријарти, од печат излезе романот „Последната годишнина“. Верзијата на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Главната протагонистка Софи Ханивел отсекогаш се прашувала дали згрешила кога го оставила Томас Гордон. Бил совршен, но на денот кога ја запросил, Софи му го скршила срцето.

Една година подоцна, Томас повторно влегува во нејзиниот живот за да ја извести дека ја наследила куќата на неговата тетка Кони на островот Скрибли Гам. Софи се сели на островот и го запознава семејството на Кони – галерија од интересни и необични ликови. Меѓутоа, по смртта на сестра си, Роуз почнува да се прашува дали еднаш одамна таа и Кони донеле добра одлука и дали дошло времето да ја открие тајната од дамнешното минато што би можела на сите да им ги промени животите од корен…

„Последната годишнина“ е драматична, но пријатна мистерија за жените кои сакаат да избегаат од навидум совршениот живот.

Писателката Лијан Моријарти е австралиска писателка и авторка на девет романи – меѓународни бестселери, вклучително и на бестселерите на „Њујорк тајмс“: „Тајната на сопругот“, „Големи мали лаги“ и „Вистински лудо виновни“. Нејзините книги ги читаат над четиринаесет милиони читатели низ светот. На основа на нејзините романи снимени се популарните ТВ-серии „Девет совршени туѓинци“ и „Големи мали лаги“ со Никол Кидман во главна улога.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку http://www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14974

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.