Објавено класичното дело „За управувањето со царството“ од Константин Порфирогенет

Издавачката куќа „Арс Ламина“, под импринтот „Арс Либрис“ неодамна го објави класичното дело „За управувањето со царството“ од Константин Порфирогенет.

„За управувањето со царството“ е латинскиот наслов на делото „На мојот син Роман“, напишано во оригинал на средновековен грчки јазик, од царот Константин VII Порфирогенет.

Станува збор за теориски, дипломатски прирачник за внатрешната и надворешната политика, што ќе му користи на неговиот наследник, синот Роман II, при управувањето со царството по преземањето на должноста. Ова дело е истакнат пример на византискиот енциклопедизам и содржи важни податоци за раната историја на многу европски етнички групи, од кои некои до денес ги задржале своите имиња, а други исчезнале од пишаните извори.

Константин VII Порфирогенет (905 – 959) е четвртиот цар на македонската династија во византиската империја, кој владее од 913 до 959 година. Тој е син на царот Лав VI Мудриот. Познат е како писател и научник, кој сето време е опкружен со учени луѓе. Од најрана возраст се интересира за културата и уметноста, па историјата повеќе го памети по научната и културната активност, отколку по политичката дејност. Автор е на трактатот „Геопоника“, списот „За управувањето со царството“, делата „За темите“ и „За церемонијалот на византискиот двор“.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ или онлајн www.literatura.mk, преку линкот: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14998

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.