„Арс Ламина“ донираше изданија за деца за хуманитарната акција на Црвен крст – „Подари пакетче, подари радост“

Со донација на новогодишни и зимски изданија за деца, издавачката куќа „Арс Ламина“ по четврти пат се вклучи во предновогодишната хуманитарна акција на Црвен крст – Кисела Вода, „Подари пакетче, подари радост“.

Боенките, сликовниците и книгите со активности беа дел од пакетчињата што на 23 декември 2022 година, волонтерите од Клубот на млади им ги поделија на дечињата од ПОУ „Д-р Златан Сремец“ и Асоцијацијата „Ластовици“. Донацијата е со цел да им го разубави и да им го развесели новогодишниот период на децата, да им ја поттикне креативноста и љубовта кон книгите.

Во донацијата се вклучени 130 наслови за деца: сликовниците „Нова Година со Матеј и Луна“, „Чорапот на Дедо Мраз“, „Двајца Дедо Мразовци“, „Зимска боенка со Матеј и Луна“, „Дина и Додо: Книга со активности. 7, Новогодишна приказна“, „Дина и Додо: Книга со активности 6, Зимски лудории“, „Бој со Дина и Додо 2: Голема новогодишна боенка“, „Бој со Дина и Додо 1: Голема зимска боенка“, како и боенките: „Весела азбука“, „Зимска бајка“, „Смешни чудовишта“, „Необични принцези“, „Птици на жица“, „Необични колички“ и „Слонко и пријателите“.

– Насмевките и радоста на дечињата беа доказ дека повторно успеавме во реализација на нашата замисла. Зад нас е една успешна година, а ние веруваме дека следната ќе биде исполнета со уште многу предизвици и успешни приказни – велат од Црвен крст – Кисела Вода.

Предновогодишната хуманитарна акција „Подари пакетче, подари радост“ се одржува по петти пат, во организација на волонтерите на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кисела Вода, во соработка со Секторот за внатрешни работи, Скопје и Интернационалната полициска асоцијација (ИПА), Скопје. Во акцијата се вклучија многу хумани приватни компании и лица, како и неколку основни училишта и градинки. Хуманите граѓани дарија радост и убавина во 300 детски срца.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.