„Шила“ соши инспиративна работилница за деца во „Млади Хаб“

Среќа, радост, љубов, надеж… се само дел од убавите емоции со кои беше реализирана работилницата инспирирана од сликовницата „Шила“ со учениците од 2-1 одд., при ОУ „Ј. Х. Песталоци“ од Скопје. Неслучајно, тоа се и имињата што им ги дадоа на своите кукли/човечиња, кои ги изработија овие вредни и креативни дечиња, заедно со своите наставнички. Настанот, кој се одржа на 22 декември, во топлиот амбиент на „Млади Хаб“, беше на покана на Кабинетот на Претседателот на Р. С. Македонија и на првата дама, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска. Таа, заедно со тимот од издавачката куќа „Арс Ламина“, активно се вклучија во креативниот процес со децата.

На работилницата беа користени рециклирани материјали: картон, текстил, копчиња, волница, од кои учесниците ги направи своите творби, следејќи ги упатствата за изработка на кукла, дадени во книгата. Покрај изработката на куклите, децата се запознаа и со приказната во книгата, а дознаа и како настануваат сликовниците.

Сликовницата „Шила“, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е топла приказна за патот до среќата на едно срамежливо девојче, „сошиена“ од лирската приказна на Јана Мишо и колоритните илустрации на Калиопи Трпчева. Играта со ткаенините, со машината за шиење, со копчињата и со конците е впечатлив, личен начин за изразување, но и за справување со емоциите кај децата, различни и поинакви во однос на другите околу нив.

Волшебниот свет на Шила преку шиењето на сите попатни емоции низ растењето, нè води до зрелост и целосна исполнетост. Правејќи кукли, Шила го крои и го шие светот по мера на среќата кон која сите се стремиме. Кругот на животот се свртува со безименото девојче на кое веќе возрасната Шила му помага побрзо и полесно да стане тоа што сака.

„Шила“ беше промовирана за време на Саемот на книгата во мај оваа година. Изданието во меѓувреме стана една од најбараните книги за деца во 2022 година и честа инспирација за креативни работилници за деца.

Книгaта е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14907

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.