Романот „Збунетост“ ја отвора дилемата како на децата да им ја кажеме вистината за оваа прекрасна, загрозена планета?

Интернационалниот книжевен хит за 2021 година, новиот роман „Збунетост“ од добитникот на Пулицерова награда – Ричард Пауерс, деновиве излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
Станува збор за најдобрата книга за 2021 година според речиси сите релевантни сајтови и списанија. Влезе во селекцијата најдобри книги на Клубот на Опра, беше инстант-бестселер на „Њујорк тајмс“, беше во најтесен избор за „Букер прајз“, „Карнеги медал“ и Националната награда за фикција, најдобра книга според Ен-пи-ер, „Њусвик“, „Бостон глоуб“, „Аудибл“, „Гудрис“, „Кришчн сајенс монитор“, „Лајбрери журнал“, магазинот „Гарден енд ган“ и најдобра книга за 2021 на „Амазон“.

Според Барак Обама, оваа книга го сменила начинот на кој тој размислува за Земјата и нашето место во неа и, според него, тоа е знак дека една книга е вредна за читање.
Според Емилија Кларк, актерката позната по ТВ-серијата „Игра на тронови“, оваа книга треба да биде задолжително четиво во целиот свет.
За познатата актерка Ема Томпсон, ова е најдобрата книга што ја прочитала последниве десет години, која нè поврзува на позитивен начин со работите што треба да ги направиме доколку сакаме да ја зачуваме нашата планета.
Опра Винфри, пак, смета дека Ричард Пауерс е еден од најдобрите американски писатели. „Тој ги напишал некои од најдобрите реченици што кога било сум ги прочитала. Воодушевена сум од неговиот талент“, вели таа.

Еве накусо за што станува збор во овој исклучителен роман…
Астробиологот Тео Бирн бара живот низ универзумот додека, по смртта на неговата сопруга, сам го воспитува своето необично деветгодишно дете Робин. Робин е топло, љубезно момче кое поминува часови сликајќи детални слики од загрозени животни. Тој, исто така, ќе биде избркан од трето одделение затоа што го удрил другарчето в лице. Како што неговиот син станува сè попроблематичен, Тео се надева дека ќе го заштити од користењето од психоактивни лекарства. Тој дознава за експериментален третман со неврофидбек за зајакнување на емоционалната контрола на Робин, кој вклучува обука на момчето на снимените модели на мозокот на неговата мајка…
Со волшебните описи на природата и вселената, со неговата привлечна визија за животот надвор и приказот на жестоката љубов меѓу таткото и синот, „Збунетост“ е најинтимниот и најтрогателен роман на Ричард Пауерс. Во неговото срце лежи прашањето: Како на нашите деца да им ја кажеме вистината за оваа прекрасна, загрозена планета?
Само неколкумина писатели можат да ја опишат убавината на природата толку живописно. Спектакуларната „покривка од габи што создава сложена површина што заличува на елизабетанска јака“. Стоногалка што мириса на екстракт од бадем што го потсетува Робин на колачињата на неговата мајка. Млечниот пат што се излева на темното небо како „безброј шарени камчиња во темен поток“…

И во оваа книга Пауерс успева да ја задржи способноста да ја алхемизира чудноста на секојдневниот глобален живот. „Збунетост“, се согласуваат и читателите и критиката, е трогателен роман што нуди витална порака со невообичаена симпатија и интелигенција.


Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку http://www.literatura.mk, на следниот линк:
https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14973


			

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.