Тринаесет книги од „Арс Ламина“ во конкуренција на изборот Reader’s Choice Book Awards 2022

Тринаесет книги од издавачката куќа „Арс Ламина“ влегоа во потесниот избор на наградата за најдобри книги според читателите – Reader’s Choice Book Awards 2022. Натпреварот „Книга на годината“ во Македонија, кој се одвива онлајн на интернет-страницата http://www.kniganagodinata.mk и каде што сите читатели можат да го дадат својот глас за омилените изданија. Селекцијата се базира на девет жанровски категории. Ќе бидат доделени награди за најдобар: трилер, романса, историска драма, женска фикција, книга од домашен автор, детска книга, нефикција, книги за млади и поезија.

За најдобра книга ќе се одлучи врз основа на освоените гласови во рамките на сите категории, како и дополнително проценување од неколку библиотеки во земјава, најголемите книжарници и онлајн-книжарниците, како и од членовите на комисијата, кои ќе спроведат свои истражувања и ќе дадат свој глас.

За книгите од издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“ може да се гласа во следните категории:

Во конкуренција за најдобри ТРИЛЕРИ И МИСТЕРИИ номинирани се три наслови: напнатиот и провокативен роман „Остави го светот зад себе“ од Румаан Алам, новиот бестселер од популарната авторка Колин Хувер – „Лејла“ и тензичниот трилер „Семејство“ од Луиз Џенсен. За една од книгите номинирани во оваа категоријата можете да гласате на следниот линк: https://kniganagodinata.mk/trileri-misterii/.

Меѓу книгите номинирани во категоријата ИСТОРИСКИ ДРАМИ се: романот „Ќе се најдеме во Бомбај“ од британската авторка на историска фикција – Џени Ешкрофт и шпионскиот трилер сместен за време на Втората светска војна, „Низ иглени уши“ од познатиот велшки писател Кен Фолет. За овие книги можете да гласате на следниот линк: https://kniganagodinata.mk/istoriski-drami/.

На листата со номинирани во категоријата ЖЕНСКА ФИКЦИЈА е „Малибу во пламен“ од Тејлор Џенкинс Рејд. За оваа книга можете да гласате на следниот линк: https://kniganagodinata.mk/woman-lit/.

Во конкуренција за најчитани ДОМАШНИ АВТОРИ е Зоран Спасов Ѕоф со новата книга „Џабе живиш у Скопје“, која неодамна излезе од печат. За т.н. „водич до сигурна смрт од смеење“ на Ѕоф можете да гласате на следниот линк: https://kniganagodinata.mk/domasni-avtori/.

Во категоријата за книжевност за млади YOUNG ADULT номинирани се: современиот класик за млади, за крајот на невиноста и за темнината на човечкото срце – „Господарот на мувите“ од нобеловецот Вилијам Голдинг и наградуваниот авантуристички роман за млади, „Каде што спие ветрот“, од словенечкиот писател Дамијан Шиниго. За една од овие книги можете да гласате преку линкот: https://kniganagodinata.mk/young-adult/.

На листата со книги од областа НЕФИКЦИЈА во потесен избор се најдоа: мотивациската книга „Четири илјади седмици“ од Оливер Буркеман, како и новата книга од областа на популарната психологија „Умешност на лутината: мал водич за голема лична моќ“ од м-р Билјана Велковска. Вашиот глас за една од овие книги можете да го дадете преку линкот: https://kniganagodinata.mk/nefikcija-2/.

Во конкуренција за најдобри ДЕТСКИ КНИГИ И СЛИКОВНИЦИ се „Шила“ – топлата сликовница за патот до среќата на едно срамежливо девојче, „сошиена“ од лирската приказна на Јана Мишо и колоритните илустрации на Калиопи Трпчева и новиот наслов: „Мравката Тони“ од Маја Мишевска со илустрации од Михајло Димитриевски – Тхе Мичо. За една од овие сликовници можете да гласате преку следниот линк: https://kniganagodinata.mk/detski/.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.