„Ќе се најдеме во Бомбај“ е трогателна и нежна приказна за една забранета љубов

Претпразничната понуда на издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“ деновиве се збогати со новиот роман „Ќе се најдеме во Бомбај“ од британската авторка на историска фикција – Џени Ешкрофт. Книгата е во издание на импринтот „Арс Либрис“ и е достапна во сите поголеми книжарници во државата.

Џени Ешкрофт има дипломирано историја на универзитетот „Оксфорд“ и секогаш била фасцинирана од минатото – особено од начинот на кој одредени вонредни настани можат да ги трансформираат животите на обичните луѓе.

Дејството на романот се случува во Бомбај, на новогодишната ноќ – 1913 година. Главната протагонистка, Меделин Брајт, дојденка и сè уште ненавикната на задушливата запурничавост на колонијалната Индија, копнее по сè што оставила во Англија. Точно на полноќ, Меди го запознава Лук Деверо и како што се менува годината, така се менуваат и нивните животи.

Храбар и харизматичен, Лук ја воведува во чудата на Бомбај, а убавината и живоста на Меди му го запленуваат срцето. Но, нејзината мајка не ја одобрува врската, претпочитајќи го посветениот Гај Боуен како соодветен за нејзината ќерка.

Среде процутот на љубовта меѓу Меди и Лук, светот почнува да се распаѓа. Првата светска војна е на повидок и на Лук нема да му биде даден друг избор освен да се бори. Ќе завршат на различни континенти разделени од опасности и разорни загуби, но поврзани со ветувањето на Лук дека ќе се сретнат повторно во Бомбај. Неговата единствена желба е да се врати кај неа – но прво мора да се сети која е таа…

Експресивна и живописна проза. Карактерите се ранливи, повеќеслојни и борбени. Станува збор за емотивна приказна за животот, љубовта, семејните односи, разочарувањето, загубата, вината, тагата, надежта, пријателството и психолошките и физичките последици од војната.

„Ќе се најдеме во Бомбај“ е прекрасен спој на евокативна фикција и опиплива емоција. Тоа е трогателна и нежна приказна што ќе ве насмее, ќе ве расплаче, ќе ви прирасне за срце и ќе резонира во вас и долго откако ќе ја прочитате последната страница.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk, на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14975

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.