Моџо Килингтон ја доби наградата „4 Ноември“ од Град Битола за достигнувања во литературата со романот „Уништување“

Младиот автор Божидар Божиновски, познат како Моџо Килингтон, е еден од годинашните лауреати на општинската награда „4 Ноември“, што ја доделува Град Битола по повод денот на ослободувањето. Тој е еден од петте добитници на ова признание за едногодишни постигнувања.

Божиновски за оваа награда бил предложен заради достигнувања во областа на литературата со романот „Уништување“, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за трета негова книга, објавена под псевдонимот Моџо Килингтон, по стихозбирката „Аутопсија на љубовта“ (2019) и романот „Денот кога не се разбудив“ (2020), исто така во издание на „Арс Либрис“.

Моџо Килингтон е писател, сценарист, активист на социјалните мрежи. Препознатлив е по популарната македонска комична телевизиска емисија „Фчерашни новости“. Работи како сценарист на серијата „Преспав“ и ја води рубриката (Не)реално со Моџо Килингтон, во рамките на емисијата „Трилинг“.

Општинската награда „4 Ноември“ за 2022 година исто така беше доделена и на: уметникот Благој Мицевски, спортиската Оливера Наковска Бикова, музичкиот интерпретатор Сефедин Бајрамов и на д-р Маријан Бошевски – редовен професор по интерна медицина и кардиологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Наградата „4 Ноември“ за животно дело му се доделува на Петар Ставрев – просветен работник, новинар, фотограф, фоторепортер, документарист, уредник и автор, претставник на Битола и урбана личност без која не може да се замисли животот на Широк сокак.

Управниот одбор на Фондот за наградата „4 Ноември“ беше во состав: Габриела Илиевска (претседател), Бојан Бојкоски, Зоран Петковски, Александар Димовски, Јадранка Павловска, Методија Илиевски, Марко Јосифовски, Ненси Лозанче и Жаклина Наумовска, а одлуката за наградените беше одржана на 01.11.2022 година.

Романот „Уништување“ е дел од едицијата „Во еден здив“. Главниот протагонист е четириесет и двегодишниот доктор Јан Рајсберг, сопруг на Марија, татко на Лотар и Ана, кој еден ден дава отказ. Се гледа во огледалото во тоалетот на еден бар и се прашува: „Кој сум јас?“ Тагата повеќе сликала на неговото лице, а се чини дека среќата не ја ни допрела четката… Изгледаше… Поинаков. Тоа не беше човекот кој го знаеше. Ниту човек кој сака да го запознае. Тоа беше маска на еден минат живот на кој му стави крај кога уринираше врз фикусот на директорот на клиниката. Првата вечер кога се почувствува слободен, ја поминува во ќелија во полициската станица каде што запознава млада девојка. Следуваат ноќи исполнети со забави, алкохол, дрога и секс…

На колку сè начини можеме да си го уништиме животот, заслужуваме ли втора шанса и можеме ли да избегаме од себеси, се само некои од прашањата со кои Моџо Килингтон се занимава во овој емотивен, брутално соголен, интензивен роман напишан во филмски манир.

Книгата достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку http://www.literatura.mk.

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14755

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.