Топ 10 најпродавани книги во „Литература.мк“ во октомври

Современиот класик за млади, за крајот на невиноста и за темнината на човечкото срце – „Господарот на мувите“ од  нобеловецот Вилијам Голдинг,  е најпродаваниот наслов  од областа на фикцијата во книжарниците „Литература.мк“, минатиот месец. На топ 10 листата со најбарани книги следува новиот напнат и провокативен роман за родителството, расата и класата – „Остави го светот зад себе“ од Румаан Алам. Победничкиот роман на наградата „Пегаз“ за 2021 година – „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков, кој минатиот месец беше промовиран  и пред битлската публика, се искачи на третата позиција. Следува историско-фантастичниот роман „Невидливиот живот на Ади Лару“, а по него современите класици: „Сто години самотија“ од Габриел Гарсија Маркес и „Неподносливата леснотија на постоењето“ од Милан Кундера: На листата се и бестселерите „Лејла“ и „Исповеди“ од популарната писателка Колин Хувер, како и  „Седумте мажи на Евелин Хуго“ од Тејлор Џенкинс Рејд.  Во продолжение проследете ја целата топ 10 листа со книги во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, кои беа најбарани во книжарниците „Литература.мк“ во октомври.

1.„Господарот на мувите“ од  Вилијам Голдинг 

Романот за млади „Господарот на мувите“ се смета за парабола, алегорија, мит, приказна за моралот, пародија, политички трактат, па дури и за своевидна визија за апокалипсата.

Во зародишот на следната светска војна, авион се урива на непознат остров, при што група ученици остануваат одделени од другиот дел од светот. Отпрвин, без надзор од возрасните, нивната слобода е причина за славење; така, далеку од цивилизацијата, момчињата можат да прават буквално што сакаат.  Тие се обидуваат да создадат сопствено општество, но не успеваат во тоа. И додека редот се урива, додека почнуваат да одекнуваат чудни завивања во ноќта, додека почнува да владее теророт, надежта за авантура почнува да изгледа исто толку далеку од реалноста колку и надежта за спасување.

Отпрвин, без надзор од возрасните, нивната слобода е причина за славење; така, далеку од цивилизацијата, момчињата можат да прават буквално што сакаат. Тие се обидуваат да создадат сопствено општество, но не успеваат во тоа. И додека редот се урива, додека почнуваат да одекнуваат чудни завивања во ноќта, додека почнува да владее теророт, надежта за авантура почнува да изгледа исто толку далеку од реалноста колку и надежта за спасување.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку http://www.literatura.mk на следниот линк: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14951

2. „Остави го светот зад себе“ од Румаан Алам

„Остави го светот зад себе“ од американскиот автор Румаан Алам е одличен роман за сите љубители на мистерии и трилери. Во фокусот се две семејства, кои не се познаваат меѓусебно, но се присилени заедно да поминат еден викенд, во кој нештата стануваат неизвесни. Приказната почнува кога брачниот пар Аманда и Клеј пристигнуваат во еден далечен дел на Лонг Ајленд, со надеж дека ќе се одморат од животот во Њујорк и дека ќе поминат квалитетно време со нивните син и ќерка, кои се тинејџери. Сакаат да го вкусат добриот живот во луксузниот дом што го изнајмиле за претстојната недела.

Но, доцна во ноќта, тропање на вратата ќе ја скрши магијата. Рут и Џеј-Ејч се повозрасна афроамериканска двојка – сопственици на куќата. Тие пристигнуваат во паника, носејќи ја веста дека градот го снашло ненадејно затемнување. А во оваа рурална област – со исклучени телевизор и интернет, како и без мобилните телефони – тешко е да се знае во што да се верува. Дали Аманда и Клеј треба да му веруваат на овој пар – и обратно? Што ли се случило во Њујорк? Дали викендичката каде што се наоѓаат, изолирана од цивилизацијата, е навистина безбедно место за нивните семејства? И дали се тие безбедни едни од други?

Напнат и провокативен, овој роман на Румаан Алам е во силен дослух со сложеноста на темите како што се родителството, расата и класата. „Остави го светот зад себе“ истражува како нашите најблиски врски се преобликуваат – и се создаваат нови и неочекувани – во моменти на криза.

Романот е достапен во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку http://www.literatura.mk, а и преку следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14949

3. „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков

„Хотел меѓу две војни“ е смел и богат псевдоисториски роман за љубовта на Мустафа Кемал Ататурк и Елени Каринте. Забранета империја во процепот меѓу фактите и фикцијата, меѓу војните и мирот, меѓу срцата и умот во нас, но и надвор од нас. Опсада на Троја соѕидана во душата на Мустафа наспроти јуришот на тагата и болката на Елени испишани во два романа: во долгиот постмодернистички „Хотел меѓу две војни“ на Русјаков и во истоимениот кус, сентиментален роман на Елени, вгнезден во него како резервно женско срце.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14904

4. „Невидливиот живот на Ади Лару“ од В. Е. Шваб

„Невидливиот живот на Ади Лару“ е горко-слатка љубовна приказна, но и омаж на уметноста и на уметничката инспирација. Со фаустовски заплет и промислувања за моралот и смислата на животот, овој роман ги надминува границите на жанрот фантастика и со надвременската убавина на класиците гарантира задоволство при читањето на секој што ќе посегне по него. Приказната почнува во Франција во 1714 година. Ади Лару сака само едно: да се ослободи од оковите на животот во провинција за да може сама да господари со својата судбина. Во момент на очај таа се спогодува со ѓаволот, кој за возврат ѝ ветува слобода и вечна младост. Но, цената за тоа е висока; секого кого ќе го сретне, набргу ја заборава. И така младата жена почнува патување низ вековите што ја носи на различни места од европската историја, спознавајќи ја притоа тенката граница меѓу осаменоста и малодушноста. Ади Лару се обидува да остави трага во времето и просторот, во историјата на уметноста: таа е позната муза на старите мајстори, безимена убавица во песните на големите поети. Триста години подоцна, Ади во една книжарница во Њујорк запознава момче кое ќе ја запамети…

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14870

5. „Сто години самотија“ од Габриел Гарсија Маркес

Светскиот книжевен класик „Сто години самотија“ од колумбискиот писател и нобеловец Габриел Гарсија Маркес излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Романот „Сто години самотија“, кој е дел од едицијата „Современи класици“, се смета за магнум опус на Маркес, а важи и за едно од највлијателните дела во латиноамериканскиот книжевен канон и во светската книжевност. Од неговото прво објавување во 1967 година во Аргентина, преведен е на 46 светски јазици, а продадени се повеќе од 50 милиони примероци низ светот. Оваа епска бајка ја опфаќа стогодишната турбулентна историја на Јужна Америка, од постколонијалните дваесетти години на 19 век до дваесеттите години на 20 век, раскажана преку семејната хроника за седумте генерации од семејството Буендија од селцето Макондо. Личноста и делото на Габриел Гарсија Маркес се симбол и знак на идентификација на генерацијата латиноамерикански писатели кои го афирмираа низ светот и го потврдија со високи естетски вредности угледот на новата литература на шпански јазик во последниве децении. „Авторот кој од малото селце со загадочно име, Аракатака, во Колумбија, тргна по светот за да го разнесува алхемискиот прав на јужноамериканскиот континент, денес со своето богато дело е граѓанин на светот, писател читан во сите краишта на Земјата и близок познајник на македонскиот читател.“

Kнигата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14919

6. „Неподносливата леснотија на постоењето“ од Милан Кундера

Во „Неподносливата леснотија на постоењето“, Милан Кундера ја раскажува приказната за една млада жена вљубена во маж, кој е растргнат помеѓу неговата љубов кон неа и неговата невоздржлива желба и по други жени, преплетена со приказната за една од неговите љубовници и нејзиниот понизно верен љубовник. Овој извонреден роман меѓусебно сопоставува географски оддалечени места, понудува брилијантни и неверојатно интересни огледи и увиди и се карактеризира со вистинско богатство и оригиналност во поглед на стилот на пишувањето, со што за многумина го заслужува и пиететот најдобро и најпретставително дело на Кундера како романописец.

Kнигата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14522

7. „Лејла“ од Колин Хувер

Кога Лидс ја запознава Лејла уверен е дека со неа ќе го помине остатокот од животот – сè додека не доживуваат неочекуван напад што таа едвај го преживува. По неколку недели во болница, Лејла закрепнува телесно, но емоционалните и менталните лузни ја менуваат жената во која се вљубил Лидс. Сакајќи да ја спаси нивната врска, Лидс ја носи во пансионот во кој се запознале. Но, кога ќе стигнат таму, нивниот однос доживува чуден пресврт. А тоа е само една од многуте необјасниви појави. Чувствувајќи дека се оддалечува од Лејла, Лидс набрзо пронаоѓа утеха во Вилоу – уште една гостинка во пансионот со која го поврзуваат заеднички проблеми. Како што расте интересот на Лидс за Вилоу, неговата одлука да ѝ помогне да најде одговори го доведува во опасност здравјето на Лејла. Лидс набрзо сфаќа дека мора да избира меѓу Лејла и Вилоу, бидејќи не може да им помогне на двете. Но, доколку донесе погрешна одлука, тоа би можело да биде погубно за сите.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку http://www.literatura.mk на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14940

8. „Седумте мажи на Евелин Хуго“ од Тејлор Џенкинс Рејд

Возрасната и повлечена холивудска филмска икона Евелин Хуго, конечно, е подготвена да ја каже вистината за нејзиниот гламурозен и скандалозен живот. Но, кога за тоа ќе ја ангажира анонимната репортерка Моник Грант, никој не е поизненаден од самата Моник. Зошто неа? И зошто сега? Моник не е баш на врвот на светот. Сопругот ја напуштил, професионалниот живот ѝ е во ќор-сокак. И покрај тоа што не знае зошто Евелин ја избрала да ја напише нејзината биографија, Моник е решена да ја искористи можноста и да почне своја кариера. Моник е поканета во луксузниот апартман на Евелин, каде што фасцинирано слуша додека актерката ѝ ја раскажува нејзината приказна. Од пробивот во Лос Анџелес во педесеттите до нејзината одлука да го напушти шоу-бизнисот во осумдесеттите години и, секако, седумте сопрузи попатно, Евелин раскажува приказна за безмилосни амбиции, неочекувано пријателство и голема забранета љубов. Моник почнува да чувствува вистинска поврзаност со легендарната ѕвезда, но како што приказната на Евелин се приближува кон крајот, така станува јасно дека нејзиниот живот се испреплетува со оној на Моник на трагичен и неповратен начин.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14712

9. „Исповеди“ од Колин Хувер

На дваесет и една година, Обурн Рид веќе изгубила сè што ѝ е важно. Во својата борба одново да си го изгради урнатиот свет, таа си ги зацртува целите и нема простор за грешки. Но, кога влегува во едно уметничко ателје во Далас, барајќи работа, таа не очекува да се појави длабока привлечност кон таинствениот уметник кој работи таму, Овен Гентри. Обурн ризикува првпат и си го препушта срцето да ја води, само за да открие дека Овен чува голема тајна да не излезе на виделина. Обемот на неговото минато се заканува да го уништи сето она што ѝ е важно на Обурн и единствениот начин таа да си го врати животот е да го отфрли Овен од себе. За да ја спаси нивната врска, сè што треба да направи Овен е да се исповеда. Но, во овој случај, исповедта може да биде многу подеструктивна од самиот грев.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14357

10. „The extraordinary adventures of Arsène Lupin, gentleman-burglar“

Првата книга од серијалот за легендарниот џентлмен крадец Арсен Лупен од францускиот писател Морис Леблан, објавена на англиски јазик со наслов „The extraordinary adventures of Arsène Lupin, gentleman-burglar“, е меѓу најбараните книги и овој месец. Арсен Лупен е еден од најпознатите книжевни ликови, тој е џентлмен, но и елегантен крадец, криминалец – пандан на генијалниот британски детектив Шерлок Холмс. Врз основа на овој лик, стриминг-сервисот „Нетфликс“ на почетокот на оваа година ја реализираше француската ТВ-серија „Лупен“ со харизматичниот Омар Сај во главната улога. „Извонредните авантури на Арсен Лупен, џентлмен крадец“ е прва збирка раскази на Леблан што раскажува за авантурите на Арсен Лупен и е објавена во 1907 година. Toj е духовит човек полн со доверба – Шерлок Холмс за криминал. Сиромашните и невините немаат од што да се плашат; често тие профитираат од неговата спонтана великодушност. Богатите и моќни како и детективот кој се обидува да му ја расипе забавата, сепак мораат да внимаваат. Тие се мета на пакоста и одмаздата на Арсен.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14561

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.