„Другарска азбука“ е најпродавана книга за деца во „Литература.мк“ во септември

Сликовницата „Другарска азбука“ од Снежана Петрова-Џамбазова, во која преку стихови и илустрации најмладите ги учат буквите, е најпродавано издание за деца во „Литература.мк“ во септември. Во месецот кога го одбележуваме почетокот на училишната година, покрај школските изданија, се бараа и интерактивни вежбанки за почетно пишување, лектири и читанки, сликовниците од серијалот „Нови бајки од Македонија“ и други книжевни дела во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

На топ 10 листата се популарните пиши-бриши вежбанки со маркер „Животните од Австралија“ и „Животните од Африка“, книгата „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ од Магде Ангова, вежбанките „Математички лудории 1 и 2“, папката со активности – „Оригами“ и книгите за најмладите: „Што е тоа – добро, а што е тоа – лошо?“ и „Сказна за глупавото глувченце“, како и прирачникот и сликовница за справување со меѓуврсничкото насилство, „Која игра ја играш?“

И овој месец меѓу најпродаваните беа бајките „Бакнежот на пролетта“ и „Сончевото момче Ил“, кои се објавени од Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“.

Во продолжение проследете ја топ 10 листата со најбарани изданија за деца во книжарниците „Литература.мк“ во септември.

1. „Другарска азбука“ од Снежана Петрова-Џамбазова

Книгата „Другарска азбука“ од Снежана Петрова-Џамбазова, со илустрации од Ивана Јовановска, ќе ве внесе во светот на буквите, на пишувањето, на запознавањето со кирилицата. Во оваа интересна книга за деца, на забавен и на шаренолик начин преку римувани строфи ќе дознаете повеќе за другарството, за заемните игри, понекогаш и за работните задачи на момчиња и девојчиња чиишто имиња почнуваат со иста буква.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13532

2. „Животните од Африка“ и „Животните од Австралија“

Интерактивните пиши-бриши вежбанки со маркер „Животните од Австралија“ и „Животните од Африка“ и минатиот месец се меѓу омилените изданијата за деца. Овие едноставни и забавни активности, подредени по тежина, ќе им помогнат на децата од предучилишна возраст да ја вежбаат раката, да се навикнат на приборот за пишување и да стекнат самодоверба во првите чекори во цртањето и пишувањето, преку: почетно пишување на разни видови линии; слободно пишување линии; развивање на фините моторички вештини на мускулите на рацете и прстите; можност вежбата да се повтори повеќепати и детето да се коригира самостојно. Оваа вежбанка е реупотреблива. На нејзините страници може да се пишува со маркер за бела табла (пиши-бриши), а се брише со марамче, обична ткаенина или сунѓер. На тој начин децата можат да се навраќаат на активностите повторно и повторно, што им овозможува градење на самодовербата, но и долготрајна забава.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на: https://bit.ly/3wZeHH4

3. „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ од Магде Ангова

„Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ е игрива, тематска збирка што ги оживува и ги осовременува гатанките како специфичен жанр, омилен и популарен за децата од ниските одделенија. Со досетлив, лирски избор на заглавните зборови – решенија на гатанките, и со опуштен, врзан стих со рима, Магде Ангова создала интересен поетски свет за видливите и невидливите нешта што децата треба само да ги препознаат или допрва да ги научат. Забавата и знаењето во оваа збирка се фатени рака за рака.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14832

4. „Математички лудории 1 и 2“

Овие изданија ќе им помогнат на децата при: развој на когнитивните способности и вештини; разбирање дека секоја ситуација може да се решава чекор по чекор за да се дојде до целосната слика; развој на функционалните вештини, како планирање, користење техники и стратегии во решавањето на проблемските ситуации; развој на фината моторика, сензорните вештини и координацијата око-рака; поттикнување на самодовербата, креативноста и фантазијата; градење чувство за тимска работа: споделување идеи, почитување на туѓото мислење, критичко и самокритичко размислување, потреба да се даде или да се побара помош.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13526

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13525

5. „Сечи-лепи 1 и 2“, „Шарени страници“ и „Оригами“

Папката со активности – „Шарени страници“ се состои од повеќе разновидни содржини, кои на вашето дете ќе му овозможат да ја зголеми својата концентрација, да ги подобри своите логички вештини и да ја развие својата креативност. Замислени како активности што се прават во тишина, овие шарени страници се практични при патување, на одмор или во кој било миг од денот кога детето сака мирна и индивидуална игра.

Во оваа едиција се и „Сечи-лепи 1 и 2“ со листови со делови за сечење и лепење, со кои вашето дете ќе може да создаде различни форми. Со усовршување на вештината за користење ножички се подобруваат фините моторни вештини на детето, а се зголемува и неговата креативност.

Во светот на оригами има голем број нацрти за најразновидни фигури. Во овој сет вклучени се некои од најпопуларните – брод, жерав, гатачка, вртелешка, цвет и кутија. Целта е да се преобликува рамен лист хартија во целосна скулптура преку техники на виткање и обликување.

На почетокот, правењето оригами може да ви изгледа тешко или комплицирано. Не брзајте, следете ги внимателно инструкциите и бидете трпеливи. Резултатот ќе ве воодушеви.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

6. „Што е тоа – добро, а што е тоа – лошо?“ од Владимир Мајаковски

Книгата за деца „Што е тоа – добро, а што е тоа – лошо?“ од славниот руски писател Владимир Мајаковски, иако е напишана пред речиси еден век, во 1925 година, актуелна е и ден-денес. Станува збор за поема, во која преку стихови авторот се обидува да ги пренесе најсуштинските пораки до децата, за тоа што е добро и важно во животот. Замислена е како дискусија на таткото и детето. Почнува со наједноставно прашање, за кое возрасниот се обидува да даде одговор и поука. Во детската свест, светот е јасно поделен на два дела: добро и лошо. Одговорот на таткото почнува со едноставен пример поврзан со времето. Секој знае дека дождот и ветерот се лоши, а сонцето е добро. Од ова авторот продолжува со директна аналогија: нечистотијата е лоша, чистотата е добра. Затоа, уредно дете, кое ја негува личната хигиена, е добар човек.

Таткото продолжува да наведува ситуации што се разбирливи за детето, а кои ги карактеризираат позитивните особини. Заштита на послабите, трудољубивоста, храброста, уредноста се добри, наспроти суровоста, мрзливоста, страшливоста и валканоста. Момчето разбира дека сите негови постапки можат да се разгледуваат преку категориите на добро и лошо. Од ова ќе зависи крајната процена на детето за околината.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13461

7. Автобиографија на Григор Прличев

Григор Ставрев Прличев е истакнат македонски писател од времето на романтизмот (или преродбата) и значаен претставник на македонската книжевност од 19 век. Во неговиот богат опус спаѓаат поемите „Сердарот“ и „Скендербег“, песната „В хилјада седемстотин шездесет и второ лето“, есејот „Критик и преведувач“, делото „Автобиографија“ и неколку обиди за преведување на Хомеровата „Илијада“. Делото „Автобиографија“ е објавено во 1894 година додека Прличев работи како учител во Солун. Во неа тој ги исцртува главните контури на сопствениот живот: фигурата на неговата измачена мајка, интелектуалното влијание на Димитар Миладинов, постојаните борби со грчките власти, престојот во затвор, како и многубројните патувања и учителствување низ Македонија, Грција, Бугарија и Албанија.

Прличевата „Автобиографија“ е првото дело од овој книжевен вид во македонската книжевна традиција.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13601

8. „Нови бајки од Македонија“

Сликовниците „Бакнежот на пролетта“ и „Сончевото момче Ил“, кои се дел од новата едиција „Нови бајки од Македонија“, се во издание на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“.

Бајката „Бакнежот на пролетта“, која ја напиша етаблираната писателка Елизабета Баковска, е со илустрации од Катерина Соколова. Приказната се движи околу едно девојче кое си живеело со својата баба во место каде што секогаш било зима, а пролетта никако не доаѓала. Откако знаело за себе, девојчето секое утро седело покрај прозорецот и гледало надвор, надевајќи се дека еден ден ќе запролети. Сепак, еден ден решило веќе да не чека, туку да појде и да ја најде пролетта…

Бајката за „Сончевото момче Ил“ е дело на авторката Катерина Данаилова, а илустрациите се на Орце Нинески. Ова е приказна за едно посебно детенце, кое зрачело со светлина и топлина – како сонцето. Момчето било оставено среде сончогледовото поле на долгобрадиот старец Арно. Откако никој не дошол со денови да го побара детето, Арно го посвоил и го одгледал како свое дете. Но, не се ни надевал дека детето има несекојдневна приказна и судбина…

Книгите од серијалот „Нови бајки од Македонија“ се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк: https://bit.ly/3tA8jHu

9. „Сказна за глупавото глувченце“ од Самуил Маршак

Едно мало глувче не сака да заспие. Иако мајка му се труди, му пее приспивни песни, тоа никако не сака да затвори очи. Во очај таа бара помош од нејзините соседи, патката, свињата, жабата, коњот и штуката. Никој не може да помогне. На крајот само мачката успева да го заспие. Следното утро, сепак, се открива дека мачката го киднапирала малото глувче. Предводени од кучето, другите животни успеваат да го спасат малото глувче од мачката токму во моментот кога таа сака да го изеде.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13462

10. „Која игра ја играш?“ од Олга Ѓоргиева и Олга Мурџева-Шкариќ

„Која игра ја играш: Силеџија – жртва – сеирџија или другар?“ од авторскиот тандем внука и баба – Олга Ѓоргиева и Олга Мурџева-Шкариќ е прирачник и сликовница со пораки за справување со меѓуврсничкото насилство кај децата. Психолошкиот и бихевиорален прирачник го третира насилништвото меѓу децата во училишната средина. Настанувањето на прирачникот е директно поврзано со сликовницата „Која игра ја играш?“ од младата авторка Олга Ѓоргиева и заедно, прирачникот и сликовницата, формираат неодвоива целина. Во него авторката прави преглед на неколку типови врсничко насилство и споделува ефикасни активности и постапки за спречување и справување со насилството во училиштата и во интеракцијата меѓу децата на училишна возраст.

Овој прирачник е систематичен и напишан на разбирлив начин и може да им помогне на возрасните (пред сè, на наставниците, но и на родителите) да го применуваат заедно со децата за постигнување на ненасилна комуникација меѓу врсниците во училиштето.

Книгата е достапна во книжарниците на „Литература.мк“.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.