„Остави го светот зад себе“ од Румаан Алам е напнат и провокативен роман за родителството, расата и класата

За сите љубители на мистерии и трилери, од печат излезе романот „Остави го светот зад себе“ од американскиот автор Румаан Алам, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во фокусот се две семејства, кои не се познаваат меѓусебно, но се присилени заедно да поминат еден викенд, во кој нештата стануваат неизвесни.

Приказната почнува кога брачниот пар Аманда и Клеј пристигнуваат во еден далечен дел на Лонг Ајленд, со надеж дека ќе се одморат од животот во Њујорк и дека ќе поминат квалитетно време со нивните син и ќерка, кои се тинејџери. Сакаат да го вкусат добриот живот во луксузниот дом што го изнајмиле за претстојната недела.

Но, доцна во ноќта, тропање на вратата ќе ја скрши магијата. Рут и Џеј-Ејч се повозрасна афроамериканска двојка – сопственици на куќата. Тие пристигнуваат во паника, носејќи ја веста дека градот го снашло ненадејно затемнување. А во оваа рурална област – со исклучени телевизор и интернет, како и без мобилните телефони – тешко е да се знае во што да се верува. Дали Аманда и Клеј треба да му веруваат на овој пар – и обратно? Што ли се случило во Њујорк? Дали викендичката каде што се наоѓаат, изолирана од цивилизацијата, е навистина безбедно место за нивните семејства? И дали се тие безбедни едни од други?

Напнат и провокативен, овој роман на Румаан Алам е во силен дослух со сложеноста на темите како што се родителството, расата и класата. „Остави го светот зад себе“ истражува како нашите најблиски врски се преобликуваат – и се создаваат нови и неочекувани – во моменти на криза.

Романот „Остави го светот зад себе“ веќе е достапен во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk, а и преку следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14949

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.