Романот „Лејла“ од Колин Хувер го истражува животот по трагедија и неуништливиот дух на љубовта

Долгоочекуваниот роман „Лејла“, од број еден авторката на бестселери на „Њујорк тајмс“ – Колин Хувер, излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Романот, што го истражува животот по трагедија и неуништливиот дух на љубовта, доаѓа по книжевните хитови „Исповеди“, „Без Мерит“ и серијалот „Безнадежно“ („Безнадежно“, „Изгубена надеж“, „Мојата Пепелашка“ и „Совршенство“).

Кога Лидс ја запознава Лејла уверен е дека со неа ќе го помине остатокот од животот – сè додека не доживуваат неочекуван напад што таа едвај го преживува. По неколку недели во болница, Лејла закрепнува телесно, но емоционалните и менталните лузни ја менуваат жената во која се вљубил Лидс. Сакајќи да ја спаси нивната врска, Лидс ја носи во пансионот во кој се запознале. Но, кога ќе стигнат таму, нивниот однос доживува чуден пресврт. А тоа е само една од многуте необјасниви појави. Чувствувајќи дека се оддалечува од Лејла, Лидс набрзо пронаоѓа утеха во Вилоу – уште една гостинка во пансионот со која го поврзуваат заеднички проблеми. Како што расте интересот на Лидс за Вилоу, неговата одлука да ѝ помогне да најде одговори го доведува во опасност здравјето на Лејла. Лидс набрзо сфаќа дека мора да избира меѓу Лејла и Вилоу, бидејќи не може да им помогне на двете. Но, доколку донесе погрешна одлука, тоа би можело да биде погубно за сите.

Романите на Колин Хувер се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку http://www.literatura.mk на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14940

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.