„Прв детски клик“ и „Детски клик“ – нови списанија за ученици од основните училишта во издание на „Арс Ламина“

Новите едукативни и литературни списанија за учениците од основните училишта: „Прв детски клик“ и „Детски клик“, кои се во издание на „Арс Ламина“, почнуваат да излегуваат оваа учебна година. Овие интерактивни и модерно-дизајнирани списанија ќе излегуваат двапати месечно за времетраење на училишната година (септември-јуни). Списанијата се со одобрение за употреба од Министерството за образование и наука.

„Прв детски клик“ е наменет за прво и второ одделение, а „Детски клик“ за трето и четврто одделение. Изданијата се усогласени со наставните цели и содржини предвидени со програмата за основното образование. Идејата е тие да бидат извор на знаења за учениците и корисен дополнителен ресурс за наставниците по сите предмети што се изучуваат во овие одделенија.

На страниците на списанијата застапени се содржини од повеќе области: литература, македонски јазик, математика, општествени и природни науки, англиски јазик, уметност, физичко и здравствено образование и друго. Тие се во корелација со предвидените наставни теми и во чекор со современите општествени текови и најновите научни сознанија. Сите содржини ги подготвува високоспецијализиран и искусен кадар на „Арс Ламина – публикации“ со помош на широк стручен консултантски тим од наставниот процес.

Сѐ со цел поттикнување на љубовта кон пишаниот збор кај најмладите, на повеќе страници се застапени литературни дела од етаблирани домашни автори. При изборот на делата, секогаш се има предвид возраста на децата.

Во „Прв детски клик“ се посветува особено внимание на процесот на описменување на учениците. Преку соодветни вежби и активности за почетно пишување се помага во совладување на графомоторичките вештини.

Секој број има насловна тема, во која се опфаќаат актуелни прашања/содржини за кои се даваат стручни толкувања, раскажано на разбирлив начин. Тие поттикнуваат размислување и продлабочено, научно гледање на забавните теми што се атрактивни за децата.

Рубриките се збогатени со интерактивни содржини сѐ со цел активно учество на учениците во совладување на содржините. Тие имаат цел кај децата да ги развијат логиката, графомоториката, љубопитноста, когнитивните вештини, но и љубовта за истражување, откривање и стекнување нови знаења. Преку различните содржини децата се едуцираат за родовата еднаквост, инклузивноста и мултикултурализмот, како и за заштитата на животната средина, за почитувањето и заштитата на правата и слично.

Во списанието има можност за претставување на успесите на учениците и училиштата, а има простор и за литературните и ликовните творби на младите креативци.

„Прв детски клик“ и „Детски клик“ имаат модерен дизајн и графичка подготовка. Колоритните страници изобилуваат со илустрации и слики соодветни за возраста на децата и се во чекор со светските трендови за подготовка на едукативни списанија за ученици.

Во списанијата се користени внимателно избрани фонтови што се приспособени за фазата на описменување на децата, вклучително и децата со дислексија. Употребен е кирилскиот фонт DyslexicFZF, кој е специјално развиен од Филозофскиот факултет при УКИМ и Здружението за дислексија „Ајнштајн“.

Списанијата се збогатени со дополнителни ИКТ-содржини. На повеќе страници се наведени врски до дополнителни интерактивни содржини, достапни на специјално конципираната интернет-страница Dklik.mk.

Покрај списанијата за основните училишта, издавачката куќа „Арс Ламина“ од оваа воспитно-образовна година стартува и ново списание наменети за предучилишна возраст: „Ѕвезди“, со подлистокот „Ѕвездички“. Списанието е со одобрение за употреба од Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Предвидено е да излегува еднаш месечно за времетраење на воспитно-образовната година (септември-јуни). Наменето е за деца од четири до шест години. Содржините концепциски се усогласени со воспитните цели и содржини предвидени според програмата за ран детски развој.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.