Збирката поезија „Poems from the High Prairie“ промовирана во САД

Новата збирка поезија „Poems from the High Prairie“, од група американски автори, неодамна беше промовирана во Розвел, Њу Мексико, САД. Книгата беше претставена со поетско читање, во пријатниот амбиент на домот на една од авторките – Бренда Бонам. Стихозбирката, која е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е објавена на англиски јазик. Содржи 58 песни од девет автори членови на поетско здружение од Њу Мексико, а уреднички се Бранка Бугариска и Христина Шеќероска.

Во книгата се застапени песни од Алис Луиз Вагонер, Ен Еплгарт, Бренда Бонам, Кендис Микел Џордан, Хелен Волтерс, Пеги Мејсон, Роберт Рејнолдс, Томас Ренфрид и Томас Страма. Дел од нив се добро познати во својата држава и се повеќепати објавувани, но за дел од нив ова е прва публикација.

На настанот присуствуваа дел од авторите, претставник од издавачката куќа „Арс Ламина“, како и гости-љубители на поезија од градот и околината.

– Многу ми е драго што сум овде и што лично се запознав со сите автори од оваа книга, бидејќи повеќето од вас ги запознав само спиритуално, преку нивните песни. За мене, читањето на вашите песни значеше не само подобро запознавање на животот во високата прерија туку и поглед на секоја поединечна поетска душа. Работењето на овој проект беше многу инспиративно за мене, како и за остатокот од тимот што работи на оваа книга. Би сакала да ѝ се заблагодарам на Бренда – за нејзиното гостопримство, на Ен – за помошта и поддршката во процесот на уредување, на Бранка Костурска – што ме запозна со вашите дела и вашето поетско друштво, на Јани за придонесот кон конечното обликување на изгледот на книгата, како и за сета љубов, поддршка и за причината да се посети Розвел. И покрај тоа што не се присутни тука, би сакала да се заблагодарам и на Христина Шеќероска – мојата колешка, пријателка и уредникот на оваа книга, Анета Илиевска и Емилија Харалампиева – кои беа одговорни за графичкиот дизајн и уредувањето и сите други членови на тимот вклучени во овој проект – истакна Бранка Бугариска на средбата.

Таа додава дека оваа книга нуди прекрасна поезија со различни инспиративни поети. Тие нè носат во нивниот свет со отворање на нивниот души и споделување на нивните подлабоки мисли со нас.

Здружението на поети од високата прерија (The High Prairie Poets Society) е здружение на поети и љубители на поезијата од Њу Мексико. Основано е пред речиси 30 години во Розвел, Њу Мексико, САД. Членовите се состануваат месечно во локално кафуле.

На средбата беа интерпретирани дел од песните од книгата, а највозрасната меѓу нив – поетесата Пеги Мејсон, специјално напиша песна посветена на Македонија, која ја прочита пред присутните.

Пеги Мејсон

Во продолжение ви ја претставуваме песната напишана на англиски јазик.

MACEDONIA

By Peggy Mason

Macedonia –

You are calling me

Through a lovely daughter of your land

Who came across the sea

To bear witness after countless generations

You are back from anonymity.

Мacedonia –

Risen mystery of history,

You are calling me.

Macedonia –

You are calling me.

I only knew you as an ancient land

Buried in antiquity

Until a fair-skinned lovely lady

Introduced you to me.

Macedonia –

Hidden Macedonia,

You are calling me.

As I struggle to convey an image in words

On your daughter’s impression on me,

Lovely – lovely is all that I can see

Lovely accent from a quiet expressive mouth,

Lovely face framed by silken tresses free

Graceful gestures from heart-filled inirting hands,

Are all your daughters as special as she?

Macedonia –

You are calling me!

I come.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.