Лектири и интерактивни книги се најбарани изданија за деца во „Литература.мк“ во август

Новите лектири од едицијата „Лесно читливо“ и интерактивните книги, објавени од „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се најбарани изданија за деца во книжарниците „Литература.мк“ во август. Високо на топ 10 листата се дел од лектирите за основно образование, одобрени од Министерството за образование и наука: „Пајажината на Шарлот“ од Елвин Брукс Вајт, „Грдото пајче“ од Ханс Кристијан Андерсен, „Петар Пан“ на Џејмс Метју Бари, „Басни“ од Езоп и други. Овие книги се изработени според светските стандарди за дислексија, а вклучуваат и речник на помалку познати зборови, како и активности за работа на час.

На листата се и популарните пиши-бриши вежбанки за најмладите – „Животните од Австралија“ и „Животните од Африка“, како и изданијата од серијалот „Учиме со Софија“. Во пресрет на новата учебна година многу беа барани и книги соодветни за првачињата и за учениците од пониските одделенија: „Другарска азбука“ од Снежана Петрова-Џамбазова и „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ од Магде Ангова, „Математички лудории“ 1 и 2 и „Шарени страници“.

Во продолжение проследете ја топ 10 листата со најбарани изданија за деца во книжарниците „Литература.мк“ во август.

1. „Пајажината на Шарлот“ од Елвин Брукс Вајт

Чудесно прасе. Скромно. Блескаво. Ова се зборовите во пајажината на Шарлот, високо во аголот на шталата на Цукерман. Пајажината на Шарлот зборува за нејзините чувства кон прасенцето Вилбур, кое најмногу од сè сака да има пријател. „Пајажината на Шарлот“ зборува и за љубовта кон Вилбур на девојчето Ферн, која му го спасува животот кога се раѓа како кржле во леглото прасиња. Овој роман е нежна приказна за пријателството, љубовта, животот и смртта, кој ќе продолжи да ги освојува срцата на идните генерации деца.

Книгата, која е дел од едицијата „Лесно читливи лектири“, е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13632

2. „Животните од Африка“ и „Животните од Австралија“

Интерактивните пиши-бриши вежбанки со маркер „Животните од Австралија“ и „Животните од Африка“ и минатиот месец се меѓу омилените изданијата за деца. Овие едноставни и забавни активности, подредени по тежина, ќе им помогнат на децата од предучилишна возраст да ја вежбаат раката, да се навикнат на приборот за пишување и да стекнат самодоверба во првите чекори во цртањето и пишувањето, преку: почетно пишување на разни видови линии; слободно пишување линии; развивање на фините моторички вештини на мускулите на рацете и прстите; можност вежбата да се повтори повеќепати и детето да се коригира самостојно. Оваа вежбанка е реупотреблива. На нејзините страници може да се пишува со маркер за бела табла (пиши-бриши), а се брише со марамче, обична ткаенина или сунѓер. На тој начин децата можат да се навраќаат на активностите повторно и повторно, што им овозможува градење на самодовербата, но и долготрајна забава.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на: https://bit.ly/3wZeHH4

3. „Учиме со Софија“

„Учиме со Софија“ е серијал изданија со активности преку кои децата на забавен начин и со помош на различни илустрации ќе научат многу нови нешта. Со овие книги децата ќе ја научат азбуката заедно со малечката Софија, ќе вежбаат пишување на прави, коси и криви линии и ќе ги научат музичките ноти и основните поими од музиката.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на: https://bit.ly/3mPP4an.

4. „Грдото пајче“ од Ханс Кристијан Андерсен

„Грдото пајче“ е една од најпопуларните и најубавите бајки од данскиот баснописец Ханс Кристијан Андерсен, која со генерации им се раскажува на децата ширум светот. Ова е трогателна приказна за пајчето кое е отфрлено од другите пајчиња и птици затоа што е грдо, па заминува во светот за да најде некој што ќе го сака… Својата најпознатата бајка Андерсен ја создал во 1843 година. Оттогаш важи за една од најзначајните приказни за деца, со силна порака и поттик за младите читатели. Оваа бајка претставува еден вид на биографска бајка, затоа што и самиот имал многу тежок живот. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е дел од едицијата „Лесно читливи лектири“ и е направена по стандардите за дислексија. Таа е дел од лектирите за основно образование.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13531

5. „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ од Магде Ангова

„Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ е игрива, тематска збирка што ги оживува и ги осовременува гатанките како специфичен жанр, омилен и популарен за децата од ниските одделенија. Со досетлив, лирски избор на заглавните зборови – решенија на гатанките, и со опуштен, врзан стих со рима, Магде Ангова создала интересен поетски свет за видливите и невидливите нешта што децата треба само да ги препознаат или допрва да ги научат. Забавата и знаењето во оваа збирка се фатени рака за рака.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14832

6. „Другарска азбука“ од Снежана Петрова-Џамбазова

Книгата „Другарска азбука“ од Снежана Петрова-Џамбазова, со илустрации од Ивана Јовановска, ќе ве внесе во светот на буквите, на пишувањето, на запознавањето со кирилицата. Во оваа интересна книга за деца, на забавен и на шаренолик начин преку римувани строфи ќе дознаете повеќе за другарството, за заемните игри, понекогаш и за работните задачи на момчиња и девојчиња чиишто имиња почнуваат со иста буква.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13532

7. „Петар Пан“ од Џејмс Метју Бари

Петар Пан е палаво момче кое одбива да порасне. Барајќи ја својата сенка, тој слетува во домот на Дарлингови. Се спријателува со Венди, Џон и Мајкл и ги учи да летаат (со помош на самовилска прашина). Тој и Ѕвончица ги носат децата во земјата Недојдија, каде што среќаваат Индијанци, изгубени момчиња, пирати и лошиот капетан Кука…

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13540

8. „Басни“ од Езоп

Басната е еден вид кратка поучна приказна во која главните ликови најчесто се животните или природните појави. Преку нив се прикажуваат разни меѓучовечки односи, различни судбини на луѓето, се исмеваат нивните слабости или се возвишуваат нивните добрини. Се смета дека првите басни ги создал Езоп пред многу векови. Оваа книга претставува избор од неговите најпопуларни басни.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13569

9. „Математички лудории 1 и 2“

Овие изданија ќе им помогнат на децата при: развој на когнитивните способности и вештини; разбирање дека секоја ситуација може да се решава чекор по чекор за да се дојде до целосната слика; развој на функционалните вештини, како планирање, користење техники и стратегии во решавањето на проблемските ситуации; развој на фината моторика, сензорните вештини и координацијата око-рака; поттикнување на самодовербата, креативноста и фантазијата; градење чувство за тимска работа: споделување идеи, почитување на туѓото мислење, критичко и самокритичко размислување, потреба да се даде или да се побара помош.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13526

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13525

10. „Шарени страници“

Папката со активности – „Шарени страници“ се состои од повеќе разновидни содржини, кои на вашето дете ќе му овозможат да ја зголеми својата концентрација, да ги подобри своите логички вештини и да ја развие својата креативност. Замислени како активности што се прават во тишина, овие шарени страници се практични при патување, на одмор или во кој било миг од денот кога детето сака мирна и индивидуална игра. Во оваа едиција се и „Сечи-лепи 1и 2“ и „Оригами“. „Шарени страници“ и преостанатите изданија од оваа едиција се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ или онлајн на http://www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13333

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.