Промоција на Детска стоматологија на Стоматолошки факултет – Скопје

Првиот сеопфатен учебник по детска стоматологија кај нас – Детска стоматологија од група автори, ќе биде промовиран на 13 септември (вторник), со почеток во 12 часот, во амфитеатарот на Стоматолошки факултет во Скопје.

На промоцијата ќе се обратат проф. д-р Ќиро Ивановски (декан на Стоматолошкиот факултет), проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска (уредничката и една од авторите на книгата), проф. д-р Џон Николсон (еден од авторите) и Бранка Бугариска (директорка на издаваштво во „Арс Ламина“).

Книгата, која е во издание на „Арс Ламина – публикации“, е сублимат на долгогодишна работа и искуство во работа со децата во стоматолошка ординација, но и пресек на најсвежите сознанија во научната мисла од оваа област.

Покрај проф. д-р Ѓоргиевска, автори на содржината се реномирани професори и стручни лица од областа на детската стоматологија: Марија Стевановиќ, Мира Јанкуловска, Џон Николсон, Ана Сотировска-Ивковска, Златко Георгиев, Дејан Марковиќ, Александар Димков, Мери Павлевска, Алберто Бенедети, Драгана Габриќ, Марко Вулетиќ, Бернард Јанковиќ, Ефка Жабокова-Билбилова, Тамара Периќ, Бојан Петровиќ, Весна Амбаркова, Олга Кокочева-Ивановска и Јасна Симоноска.

Ракописот е систематизиран во 37 поглавја, кои се приказ на клучните проблематики со кои се занимава детската стоматологија, почнувајќи од растот и развојот на орофацијалната регија и одонтогенезата; приемот, прегледот и контролата на болката кај педијатрискиот пациент во стоматолошката ординација; преку неправилностите во развитокот на забите, денталниот кариес и заболувањата на пулпата и пародонталните ткива кај млечните, младите трајни и трајните заби и нивна терапија. Разработени се современите материјали што се користат во детската стоматологија, со посебен осврт на естетиката во детска возраст и употребата на ласерите во детската стоматологија. Посебно се опишани заболувањата на меките ткива во оралната празнина кај децата, оралните манифестации на инфективни и системски заболувања. Значајно место е посветено на повредите на забите кај деца (фрактурите и повредите на потпорните ткива) и нивните компликации. Даден е осврт на орално-хируршката проблематика кај деца, како и дентогените инфекции, примената на антибиотици, туморите и цистите, но и ургентните состојби. На крајот, даден е преглед на можностите за изработка на протетски надоместоци во млечната и трајната дентиција и опциите за користење на интерцептивната ортодонција.

Оваа книга е наменета, пред сè, за студентите на додипломски студии за доктори по дентална медицина, но и стручните стоматолошки сестри и техничари, студентите на втор и трет циклус на постдипломски студии, специјализантите и специјалистите по детска и превентивна стоматологија и преостанатите специјалности, како и за сите колеги кои сакаат да ги дополнат и да ги освежат знаењата од областа на детската стоматологија.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.