Топ 10 книги од „Литература.мк“ за среќен почеток на првачињата

Со нетрпение го очекуваме први септември! Веруваме дека највозбудени се идните првачиња и нивните родители. Пред нив е почеток на ново поглавје, исполнето со интересни предизвици и многу новитети. Нема поубав начин да посакате некому среќен и успешен почеток на новата учебна година од дарување книга. Во очекување на првиот училиштен ден, ви претставуваме топ 10 книги, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, кои би биле идеален подарок за идните првачиња, но и за нивните родители. Книгите се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на http://www.literatura.mk.

Во книжарниците на „Литература.мк“ во тек е акцијата со попусти до 50 отсто, многу новитети и подарок сет книги, за секоја сметка над 1.500 денари. Летокот со производите што се вклучени во акцијата можете да го разгледате на следниот линк: https://bit.ly/3A36eq3.

Среќен и успешен почеток на новата учебна година на првачињата и на сите ученици!

1. „Исидора Мун оди на училиште“ од Хариет Мункастер

Мајка ѝ е самовила, татко ѝ е вампир, а Исидора е по малку од двете. Нејзино најверно другарче е Розовото зајаче, кое оживеало со помош на магија. Ја обожава ноќта, обожава лилјаци и го обожава нејзиното црно балетско фустанче, но исто така го обожава и сонцето, нејзиното волшебно стапче и Розовото зајаче. Исидора живее во свет помеѓу магијата и реалноста. Оди во „обично“ училиште и се дружи со деца без магични моќи. Секојдневно учи нови нешта и заминува во многу авантури. Кога доаѓа време Исидора да тргне на училиште, таа не е сигурна каде припаѓа – во училиштето за самовили или во училиштето за вампири?

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13126

2. „Другарска азбука“ од Снежана Петрова-Џамбазова

Книгата „Другарска азбука“ од Снежана Петрова-Џамбазова, со илустрации од Ивана Јовановска, ќе ве внесе во светот на буквите, на пишувањето, на запознавањето со кирилицата. Во оваа интересна книга за деца, на забавен и на шаренолик начин преку римувани строфи ќе дознаете повеќе за другарството, за заемните игри, понекогаш и за работните задачи на момчиња и девојчиња чиишто имиња почнуваат со иста буква.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13532

3. Игри со именки, глаголи и придавки од Оливија Георгиевска

Сликовниците „Игра со именки“, „Игра со глаголи“ и „Игра со придавки“, преку разиграните стихови на Георгиевска и шарените илустрации го откриваат игривиот свет на именките, глаголите и на придавките. Овие книги се наменети за децата, но и за нивните родители и за наставниците. Од нив родителите можат да им читаат на децата пред спиење, а на наставниците ќе им олесни/помогне за време на училишните часови. Овие изданија ќе им помогнат и на нашите деца во дијаспората, да го одржат контактот со македонскиот јазик и граматиката.

Книгите се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/ListBooksByAuthor.aspx?aut=8699

4. „Вежбанка за почетно пишување: графомоторички вежби“ + Тетратка за почетно пишување со линиски систем

За успешно совладување на процесот на пишување што детето го чека на училиште, потребно е прво да се развијат фините моторни вештини на мускулите на рацете и прстите (графомоторни вештини). Од тие причини, потребно е таа вештина да се развие дома, многу пред детето да тргне на училиште.

Основната намена на оваа вежбанка за почетно пишување е преку систем од графички и мануелни вежби подредени по тежина, раката на детето постепено да се оспособи за изведување на координирани движења и вешто да ракува со приборот за пишување, со што ќе се создадат предуслови за полесно воведување на децата во техниката на пишувањето.

За формирањето на правилни навики за пишување клучна улога имаат тетратките на кои ce пишува. На тоа ако ce додаде и фактот дека развивањето способност за читливо и убаво пишување, односно ракопис што ќе има лични особини е долг процес, произлегува заклучокот дека ученикот треба подолго време да пишува на уедначен начин за да ce постигне, во догледно време, бараниот квалитет во пишувањето. Тетратката за почетно пишување е наменета за учениците за прво и второ одделение, чиј линиски систем е приспособен на нашата азбука, како за печатните, така и за ракописните букви. Линискиот систем овозможува правилно пишување на буквите, за разлика од постојните тетратки со тесни и широки празнини.

Изданијата се со одобрение од МОН за употреба во основните училишта. Достапни се во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/ListBooksByAuthor.aspx?aut=8920

5. „Матеј и Луна поаѓаат на училиште“ од Билјана С. Црвенковска

Денеска е први септември, првиот училиштен ден! Првачињата Матеј и Луна, полни со возбуда, ги дочекува учителката Маја, а тука се и новите другарчиња. Децата ги чекаат многу згоди и незгоди, учење, цртање, броење, читање и пишување, но и многу забава и дружење. Прочитај ја приказната и решавај многу загатки во оваа сликовница со активности: цртање, боење, пишување, броење, сметање и уште многу забава!

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13255

6. „За секоја буква приказна“ од Владо Димовски

Приказнарот напишал 31 приказна – за секоја буква од македонската азбука по една. Во секоја приказна има многууу зборови што почнуваат на буквата за која ни раскажува приказнарот. Читајќи за авантурите на едно чудо необични јунаци, ние всушност учиме да ги препознаваме буквите и да ги изговараме правилно. Оваа сликовница може да се користи како дополнување (еден вид вежбанка) на книгата „Изградување на изговорот, говорот и јазикот кај децата и возрасните“ од Јордан Јорданоски и Владо Димовски, но и независно во фазата на описменување на децата.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14359

7.„Шила“ од Јана Мишо и Калиопи Трпчева

„Шила“ е топла сликовница за патот до среќата на едно срамежливо девојче, „сошиена“ од лирската приказна на Јана Мишо и колоритните илустрации на Калиопи Трпчева. Играта со ткаенините, со машината за шиење, со копчињата и со конците е впечатлив, личен начин за изразување, но и за справување со емоциите кај децата, различни и поинакви во однос на другите околу нив. Волшебниот свет на Шила преку шиењето на сите попатни емоции низ растењето, нè води до зрелост и целосна исполнетост. Правејќи кукли, Шила го крои и го шие светот по мерка на среќата кон која се стремиме сите. Кругот на животот се свртува со безименото девојче на кое веќе возрасната Шила му помага побрзо и полесно да стане тоа што сака.

„Шила“ е книжевно-ликовен свет, напишан, нацртан и сошиен како поддршка за истрајноста, стрпливоста и самодовербата кај децата. Истовремено го реактуализира чудесниот подзаборавен свет на рачната работа.

Книгaта е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14907

8. „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ од Магде Ангова

„Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ е игрива, тематска збирка што ги оживува и ги осовременува гатанките како специфичен жанр, омилен и популарен за децата од ниските одделенија. Со досетлив, лирски избор на заглавните зборови – решенија на гатанките, и со опуштен, врзан стих со рима, Магде Ангова создала интересен поетски свет за видливите и невидливите нешта што децата треба само да ги препознаат или допрва да ги научат. Забавата и знаењето во оваа збирка се фатени рака за рака.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14832

9. „Нови бајки од Македонија“

Четирите бајки „Бакнежот на пролетта“, „Перуника“, „Сончевото момче Ил“ и „Осаменото дрво“ се дел од новата едиција „Нови бајки од Македонија“, кои деновиве излегоа од печат во издание на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“. Бајките што се дел од оваа едиција се напишани од современи млади автори кои имаа можност да ги пријават своите дела на отворениот конкурс што го распишаа Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“. Веднаш по изборот на бајките беше распишан и отворен повик за дизајнери-илустратори кои ги работеа визуелните прикази на бајките, давајќи им целосно свеж и оригинален печат.

Бајката „Перуника“ ја напиша авторот Сибо, а илустрацијата ја изработи Јована Велинова-Трајанова. Елизабета Баковска е автор на бајката „Бакнежот на пролетта“, а илустрацијата е на Катерина Соколова. Бајката за „Сончевото момче Ил“ е дело на авторката Катерина Данаилова, а илустрацијата е на Орце Нинески и „Осаменото дрво“ е од авторката Нина Максимова, а илустрацијата ја изработи Иван Коминовски.

Книгите, кои се објавени под „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се достапни во „Литература.мк“, како и во сите поголеми книжарници низ државата.

https://bit.ly/3tA8jHu

10. Психолошки прирачници за деца од Христина Стефановска

„Кога Мешко се лути“, „Кога Ушко се плаши“, „Кога Сончка е среќна“ и „Кога Летко е тажен“ се четири психолошки прирачници за деца од авторката и психолог Христина Стефановска. Низ лесни, едукативни и интерактивни приказни и активности, Стефановска ги насочува децата да се посветат на своите емоции и да работат на нивното прифаќање и трансформирање во нешто позитивно и корисно. Преку однесувањето и манифестирањето на емоциите на четирите лика – лутото еже Мешко, плашливото зајаче Ушко, тажното славејче Летко и среќната срничка Сончка, и преку придружните активности по секоја приказна, децата ќе научат да ги препознаваат и да ги разликуваат емоциите кај себе и кај другите луѓе, ќе стекнат увид во причинителите на емоциите, ќе откријат конструктивни начини за справување со емоциите и ќе создадат навика за корисно структурирање на слободното време.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/ListBooksByAuthor.aspx?aut=9009

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.