Популарниот француски бренд за очила во книжарниците „Литература.мк“

IZIPIZI се очила што предизвикуваат насмевка на вашето лице, шарени колекции, кои совршено одговараат на вашите потреби. Дизајнот е едноставен и тренди, а во исто време квалитетни и достапни. Очилата се лесни, флексибилни и погодни за сите возрасни групи и за сите прилики.

Во понудата на IZIPIZI можете да најдете: очила за читање, очила за екрани, очила за сонце со диоптрија, очила за сонце без диоптрија, oчила за скијање како и очила за деца и цело семејство. До 31 август, сите очила за читање и очила за екрани со диоптрија се со намаление од 15 отсто.

IZIPIZI е замисла на тројца долгогодишни пријатели: Чарлс Брун, Хавиер Агуера и Квентин Кутурие. Тројцата милениумци пораснаа во Лион, и сите тие имаа заедничка амбиција: да започнат заеднички деловен потфат. Па така во 2010 година на нивни 24 години го создаваат IZIPIZI.
Популарниот француски бренд за очила за кратко време го освои светот, што не е чудно бидејќи во богатата понуда има за секого по нешто.
Уште од своето основање брендот за очила IZIPIZI се карактеризира со иновации и постојан развој, нудејќи нови колекции и соработка за секоја генерација и за секој момент од животот.

Брендот ја трансформира претходната парадигма на очила како релативно скап моден додаток и докажа дека модерните, висококвалитетни и извонредно дизајнирани очила можат да бидат достапни по разумни цени.

Денес безвременските очила IZIPIZI може да се најдат на секоја релевантна дизајнерска адреса, како што се концептуалната продавница Merci во Париз, Isetan во Токио, продавниците Dover Street Market ширум светот, MoMA- продавница за дизајн во Њујорк или Selfridges во Лондон.

Очилата се достапни во нашите книжарници во „ Скопје сити мол”, „ Ист гејт мол“, „Рамстор мол“ и Струмица.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.