Топ 10 најпродавани книги во „Литература.мк“ во јули

Романот „Малибу во пламен“ од авторката на бестселерите „Седумте мажи на Евелин Хуго“ и „Дејзи Џонс енд Д сикс“, Тејлор Џенкинс Рејд, е најпродаваната книга во книжарниците на  „Литература.мк“ во јули. Минатиот месец многу барани беа и историско-фантастичниот роман „Невидливиот живот на Ади Лару“ од В. Е. Шваб, современиот класик „Сто години самотија“ од Габриел Гарсија Маркес, бестселерот „Париската библиотека“ од Џенет Скеслин Чарлс, како и едни од најпродаваните книги минатата година – „Седумте мажи на Евелин Хуго“ и „Исповеди“.

Високо на топ 10 листата со најбарани наслови од областа на фикцијата се и трилерите „Анонимна девојка“ и „Подарокот“, како и детективските книги „Извонредните авантури на Арсен Лупен, џентлмен крадец“ од Морис Леблан и „Мистериозниот случај во Стајлс“ од Агата Кристи. Во продолжение дознајте повеќе за овие наслови, со кои може да ја освежите своја домашна библиотека ова лето – и да уживате во одморот.

 1. „Малибу во пламен“ од Тејлор Џенкинс Рејд

Приказната се случува во Малибу, во август 1983 година. Четворица познати браќа и сестри организираат епска забава за да го прослават крајот на летото. Но, во период од 24 часа нивните животи ќе се сменат засекогаш. Исчекувањето е трескавично. Сите сакаат да бидат во близина на познатите Рива: Нина, талентираната сурферка и супермодел; браќата Џеј и Хад, едниот шампион во сурфање, другиот признат фотограф; и нивната обожавана помала сестра Кит. Заедно, тие се извор на фасцинација во Малибу и во светот – особено како потомци на легендарниот пејач Мик Рива. Единствената личност што не е баш одушевена од забавата на годината е самата Нина, која никогаш не сакала да биде во центарот на вниманието и која кусо пред тоа е јавно отфрлена од нејзиниот сопруг – професионален тенисер. До полноќ забавата ќе биде надвор од контрола. До утрото, куќата на Рива ќе исчезне во пламен. Но, пред таа прва искра во раните утрински часови, на сите страни ќе тече алкохол, ќе ечи музика и љубов, а тајните што ги обликувале генерациите од ова семејство ќе испливаат на површина.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку http://www.litearatura.mk. https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14924

2. „Невидливиот живот на Ади Лару“ од В. Е. Шваб

„Невидливиот живот на Ади Лару“ е историско-фантастичен роман, горко-слатка љубовна приказна, но и омаж на уметноста и на уметничката инспирација. Приказната почнува во Франција во 1714 година. Ади Лару сака само едно: да се ослободи од оковите на животот во провинција за да може сама да господари со својата судбина. Во момент на очај таа се спогодува со ѓаволот, кој за возврат ѝ ветува слобода и вечна младост. Но, цената за тоа е висока: секој што ќе го сретне, набргу ја заборава. И така младата жена почнува патување низ вековите што ја носи на различни места од европската историја, спознавајќи ја притоа тенката граница меѓу осаменоста и малодушноста. Ади Лару се обидува да остави трага во времето и просторот, во историјата на уметноста: таа е позната муза на старите мајстори, безимена убавица во песните на големите поети. Триста години подоцна, Ади во една книжарница во Њујорк запознава момче кое ќе ја запамети…

Kнигата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14870

3. „Сто години самотија“ од Габриел Гарсија Маркес

Светскиот книжевен класик „Сто години самотија“ од колумбискиот писател и нобеловец Габриел Гарсија Маркес излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Романот „Сто години самотија“, кој е дел од едицијата „Современи класици“, се смета за магнум опус на Маркес, а важи и за едно од највлијателните дела во латиноамериканскиот книжевен канон и во светската книжевност. Од неговото прво објавување во 1967 година во Аргентина, преведен е на 46 светски јазици, а продадени се повеќе од 50 милиони примероци низ светот. Оваа епска бајка ја опфаќа стогодишната турбулентна историја на Јужна Америка, од постколонијалните дваесетти години на 19 век до дваесеттите години на 20 век, раскажана преку семејната хроника за седумте генерации од семејството Буендија од селцето Макондо. Личноста и делото на Габриел Гарсија Маркес се симбол и знак на идентификација на генерацијата латиноамерикански писатели кои го афирмираа низ светот и го потврдија со високи естетски вредности угледот на новата литература на шпански јазик во последниве децении. „Авторот кој од малото селце со загадочно име, Аракатака, во Колумбија, тргна по светот за да го разнесува алхемискиот прав на јужноамериканскиот континент, денес со своето богато дело е граѓанин на светот, писател читан во сите краишта на Земјата и близок познајник на македонскиот читател.“

Kнигата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14919

4. „Париската библиотека“ од Џенет Скеслин Чарлс

Годината е 1939, а местото е Париз. На младата, убава и амбициозна парижанка Одил Суше сè ѝ оди од рака: ја добива својата работа од соништата во Американската библиотека во Париз и почнува љубовна врска со згодниот и либерален полицаец Пол, кој ја сака и ги поддржува нејзините соништа и амбиции. Но, Германија секавично напредува во војната, а Париз е под опсада и преполн со нацистички војници. Сè што ѝ е мило на Одил, вклучувајќи ја и Американската библиотека, може да исчезне секој момент. Годината е 1983, а местото е малото гратче Фројд во Монтана. На тинејџерката Лили ништо не ѝ оди од рака. Непопуларна е на училиште, не може да го освои момчето кое го посакува, а мајка ѝ одеднаш тешко се разболува. Но, тука е нејзината софистицирана и образована сосетка со странско потекло со која полека се зближува. Таа со нејзиниот ум и со нејзиното однесување отскокнува од здодевното секојдневие на малиот град, а нејзиниот живот и минатото се обвиткани со мистерија и тајни. Лили не знае колку тие тајни засекогаш ќе ѝ го сменат животот.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14544

5. „Седумте мажи на Евелин Хуго“ од Тејлор Џенкинс Рејд

Возрасната и повлечена холивудска филмска икона Евелин Хуго, конечно, е подготвена да ја каже вистината за нејзиниот гламурозен и скандалозен живот. Но, кога за тоа ќе ја ангажира анонимната репортерка Моник Грант, никој не е поизненаден од самата Моник. Зошто неа? И зошто сега? Моник не е баш на врвот на светот. Сопругот ја напуштил, професионалниот живот ѝ е во ќор-сокак. И покрај тоа што не знае зошто Евелин ја избрала да ја напише нејзината биографија, Моник е решена да ја искористи можноста и да почне своја кариера. Моник е поканета во луксузниот апартман на Евелин, каде што фасцинирано слуша додека актерката ѝ ја раскажува нејзината приказна. Од пробивот во Лос Анџелес во педесеттите до нејзината одлука да го напушти шоу-бизнисот во осумдесеттите години и, секако, седумте сопрузи попатно, Евелин раскажува приказна за безмилосни амбиции, неочекувано пријателство и голема забранета љубов. Моник почнува да чувствува вистинска поврзаност со легендарната ѕвезда, но како што приказната на Евелин се приближува кон крајот, така станува јасно дека нејзиниот живот се испреплетува со оној на Моник на трагичен и неповратен начин.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14712

6. „Исповеди“ од Колин Хувер

На дваесет и една година, Обурн Рид веќе изгубила сè што ѝ е важно. Во својата борба одново да си го изгради урнатиот свет, таа си ги зацртува целите и нема простор за грешки. Но, кога влегува во едно уметничко ателје во Далас, барајќи работа, таа не очекува да се појави длабока привлечност кон таинствениот уметник кој работи таму, Овен Гентри. Обурн ризикува првпат и си го препушта срцето да ја води, само за да открие дека Овен чува голема тајна да не излезе на виделина. Обемот на неговото минато се заканува да го уништи сето она што ѝ е важно на Обурн и единствениот начин таа да си го врати животот е да го отфрли Овен од себе. За да ја спаси нивната врска, сè што треба да направи Овен е да се исповеда. Но, во овој случај, исповедта може да биде многу подеструктивна од самиот грев.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14357

7. „Анонимна девојка“ од Грир Хендрикс и Сара Пеканен

Кога Џесика Фарис ќе се пријави да учествува во психолошка студија спроведена од мистериозната д-р Шилдс, мисли дека сè што треба да направи е да одговори на неколку прашања, да ги земе парите и да си оди. Но, како што прашањата стануваат сè поинтензивни и поинвазивни, а сесиите со сè повеќе барања, од типот што да облече и како да се однесува, Џес почнува да чувствува како д-р Шилдс да знае што мисли… и што крие. Како што расте паранојата на Џес, станува јасно дека веќе не може да разликува што е реално во нејзиниот живот, а што е дел од манипулативните експерименти на д-р Шилдс. Заробена во мрежата на измама и љубомора, Џес мошне брзо сфаќа дека некои опсесии можат да бидат смртоносни.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13699

8. „Подарокот“ од Луиз Џенсен

„Подарокот“ е напнат психолошки трилер со неочекуван пресврт од перото на Луиз Џенсен, авторката на големиот светски бестселер „Сестрата“. Џена добива уште една шанса за живот, примајќи срце од друг, девојка по име Кали. Вечно благодарна на Кали и на нејзиното семејство, Џена се зближува со нив. Наскоро открива дека совршеното семејство на Кали крие мрачни тајни… Родителите на Кали се во жалост, но Џена знае дека не ѝ кажуваат сѐ. Каде е Софи – сестрата на Кали? Ја уверуваат дека е во странство уште од смртта на сестра ѝ, но нешто не е во ред со нејзиното отсуство. Кога Џена ќе го запознае Нејтан, момчето на Кали, доаѓа до неверојатно откритие. Џена не верува дека смртта на Кали е несреќен случај. Но, како умрела? Решава да ја дознае вистината, но тоа може да ја чини сѐ: нејзините најблиски, здравиот разум, па дури и животот…

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13614

9. „Извонредните авантури на Арсен Лупен, џентлмен крадец“ од Морис Леблан

Првата книга од серијалот за легендарниот џентлмен крадец Арсен Лупен од францускиот писател Морис Леблан, објавена на англиски јазик со наслов „The extraordinary adventures of Arsène Lupin, gentleman-burglar“, е меѓу најбараните книги минатиот месец. Арсен Лупен е еден од најпознатите книжевни ликови, тој е џентлмен, но и елегантен крадец, криминалец – пандан на генијалниот британски детектив Шерлок Холмс. Врз основа на овој лик, стриминг-сервисот „Нетфликс“ на почетокот на оваа година ја реализираше француската ТВ-серија „Лупен“ со харизматичниот Омар Сај во главната улога. „Извонредните авантури на Арсен Лупен, џентлмен крадец“ е прва збирка раскази на Леблан што раскажува за авантурите на Арсен Лупен и е објавена во 1907 година. Toj е духовит човек полн со доверба – Шерлок Холмс за криминал. Сиромашните и невините немаат од што да се плашат; често тие профитираат од неговата спонтана великодушност. Богатите и моќни, како и детективот кој се обидува да му ја расипе забавата, сепак мораат да внимаваат. Тие се цел на пакоста и одмаздата на Арсен.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14561

10. „Мистериозниот случај во Стајлс“ од Агата Кристи

Дејството на овој роман се одвива во Англија за време на Првата светска војна на имотот Стајлс Корт, каде што живеат повеќе членови од семејството на Емили Инглторп. Таа го има наследено имотот од нејзиниот прв сопруг, покојниот господин Кавендиш. Едно утро Емили ја наоѓаат мртва, со голема веројатност дека била отруена, што само по себе веднаш станува мистерија. Се работи за очигледно убиство, но со оглед на тоа што нејзината соба е заклучена однатре, не се знае кој успеал да го стори злосторството. За Херкул Поаро мотивот за убиството на Емили Инглторп е нејзиното богатство, а осомничени се речиси сите: нејзиниот млад сопруг Алфред Инглторп, посиноците Џон и Лоренс Кавендиш, како и Мери, сопругата на Џон, Синтија, штитеничката на Емили, и Евелин, нејзината верна придружничка. Романот „Мистериозниот случај во Стајлс“, објавен во 1920 година, е првиот роман на Агата Кристи во кој се среќава ликот на Херкул Поаро, каде што тој на брилијантен начин ќе успее да поведе истрага и да го реши ова убиство.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14481

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.