„ЗЏМ биг бенд“ ќе одржи концерт во чест на Џими Хендрикс во Охрид

Здружението на џез-музичари и слободни уметници (ЗЏМ) ќе одржи концерт во чест на легендарниот Џими Хендрикс, на 6 август, во 22 часот, на летната сцена на Долни Сарај во Охрид. Оркестарот на ЗЏМ ќе изведе дел од музиката на еден од највлијателните гитаристи во историјата на популарната музика со биг бенд аранжмани. Специјален гостин на концертот ќе биде италијанскиот саксофонист Франческо Беарцати, а со биг бендот ќе диригира Џијан Емин.

Американски гитарист, пејач и текстописец Џими Хендрикс важи за еден од најпознатите музичари на 20 век. The Rock and Roll Hall of Fame ќе го опише како, веројатно, најголемиот инструменталист во историјата на рок-музиката. Важи за најголемиот гитарист во историјата на рок-музиката и еден од највлијателните музичари на неговото време во различни жанрови.

Хендрикс (1942 – 1970) ќе остане забележан и како еден од најголемите иноватори во свирењето на електричната гитара. Така, тој претпочитал употреба на засилувачи со високо ниво на гласност и висока фреквенција со што помогнал во распространувањето на претходно неприфатената техника на ехото од гитарскиот засилувач. Исто така, Хендрикс е заслужен за широката употреба на вах-вах педалата во рок-музиката, која често ја користел во неговите соло-изведби, особено со силно истегнување на жиците, сложено свирење гитара и употреба на легато. Како продуцент, Хендрикс ги поставил и темелите за користење на студиото за снимање како можност за проширување на неговите музички идеи. Бил меѓу првите кои експериментирале со стереофонични ефекти со промена на фази за снимање рок-музика.

Билетите за концертот, по цена од 500 денари, може да се набават online на https://www.kupikartizase.com/Events/zjm_ohrid и на следните продажни места: https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.