Го одбележуваме роденденот на Џ. К. Роулинг, авторката на книгите за Хари Потер

На 31 јули во 1965 година, во Јејт, Англија, е родена британската писателка Џ. К. Роулинг, најпозната по фантастичниот серијал книги за деца „Хари Потер“ со кој достигнува светска слава и популарност. Идејата за Хари Потер ја добила уште во 1990 година, за време на едно долго патување со воз од Манчестер кон Лондон.

Во 1997 година, откако била одбиена од 12 издавачи, Роулинг ја издава „Хари Потер и Каменот на мудроста“ преку куќата „Блумсбери“. Другото е веќе историја, затоа што серијалот, што ќе се протега низ седум книги и уште неколку придружни изданија, доживува неверојатен комерцијален успех насекаде низ светот.

Книгите имаат освоено поголем број награди во Обединетото Кралство и во САД. Преведени се на неколку десетици јазици. По приказната во книгите снимен е и истоимениот филмски серијал, со Даниел Редклиф (како Хари Потер), Руперт Гринт (Рон Визли) и Ема Ватсон (Хермиона Гренџер) во главните улоги. Филмовите се исто толку популарни како и книгите.

Книгите за младиот волшебник, кои се стекнаа со светска слава, добија безброј обожаватели и се продадоа во над 500 милиони копии, на македонски јазик се во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за книгите: „Хари Потер и Каменот на мудроста“ (што го има и во лектирна верзија), „Хари Потер и Одајата на тајните“, „Хари Потер и затвореникот од Азкабан“, „Хари Потер и Пламениот пехар“, „Хари Потер и Редот на фениксот“, „Хари Потер и Полукрвниот принц“ и „Хари Потер и Реликвиите на смртта“. 

Оваа година во светски рамки се одбележуваат 25 години од објавувањето на првата книга за Хари Потер. Исто така, се одбележуваат и 20 години од премиерата на првиот филм базиран на книжевниот серијал – „Хари Потер и Kаменот на мудроста“.

„Арс Ламина“, која ги поседува авторските права за книгите на македонски јазик, се приклучи кон одбележувањето на овој јубилеј со низа активности: објавување и промоција на книжевниот серијал, организација на литературен, ликовен и фотоконкурс за младите фанови, како и одржување на денови посветени на Хари Потер во „Литература.мк суперстор“ во „Сити мол“ и на штандот на „Арс Ламина“, за време на Саемот на книгата 2022. 

Книгите на Џ. К. Роулинг  за Хари Потер се достапни во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн преку http://www.literatura.mk. https://bit.ly/3OH9Gvx

За сите новости поврзани со Хари Потер следете ја страницата на „Фејсбук“ – „Во светот на Хари Потер“ https://www.facebook.com/harrypottermkbooks.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.