Среќен распуст со лесно читливите лектири и читанки

По успешно завршената учебна година, време е за заслужен распуст. Време е за одмор, безгрижна игра, дружба и патувања. Конечно доволно време да се прочитаат и омилените книги. Летото е идеален период да заминете во неповторливи патувања и авантури преку страниците на лектирите и други книги.

Ќе се согласите дека читањето е една од најубавите навики што децата ја стекнуваат уште од најраните години. Читањето е супермоќ, бесконечна слобода и можности за подобро запознавање на светот. Со секоја новоотворена книга се отвораат нови видици на младите читатели.

Сѐ со цел да ги направи книгите подостапни до сите деца, продолжувајќи ја својата мисија за развивање и поттикнување на читачките навики кај најмладите, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја создаде едицијата „Лесно читливи“. Во овој серијал, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, застапени се лектири и читанки на македонски и на албански јазик. Едицијата содржи книги од листата на лектири за основно образование одобрени од Министерството за образование и наука, како и читанки. А за сите деца кои сакаат да прочитаат книга плус, тука се читанките од познати домашни и светски автори.

„Грдото пајче“, „Хотел за кучиња“, „Збунети години“, „Пајажината на Шарлот“, „Чудна случка со кучето во ноќта“, „Хари Потер и Каменот на мудроста“, „Децата од улицата Пал“, „Мојот звук“ се само дел од лектирите во оваа едиција. Станува збор за модерно дизајнирани и лесно читливи книги, уредени со помош на специјален фонт за полесно читање за деца во фаза на описменување, како и за лица со дислексија, одобрени од Здружението за дислексија „Ајнштајн“ и Филозофскиот факултет во Скопје.

Книгите се идеален сопатник, пријател и прозорец кон нови знаења. Секој момент поминат со книга е среќен и убаво исполнет. Љубовта кон книгите се развива од најмлада возраст. Дете кое чита еден ден ќе биде возрасен кој размислува. Читањето книги има многу придобивки за децата во развој. Читањето на лектирите, пак, ја зацврстува врската меѓу децата и литературата, помага во сознавање на својот внатрешен и надворешен свет.

Уживајте во читањето и во распустот!

Во продолжение е каталогот со лектирите shorturl.at/diwOS

Книгите се достапни во сите книжарници „Литература.мк“, како и онлајн на http://www.literatura.mk.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.