Збирката размисли од најбогатиот човек во светот Џеф Безос – „Да се смислува и да се талка“ објавенa во издание на „Арс Ламина“

Како најбогатиот човек во светот, Џеф Безос, ги развива своите идеи? По кои принципи се води американскиот интернет-претприемач, деловен и медиумски магнат и инвеститор? Која е тајната на неговиот огромен успех во бизнисот? На овие и на уште многу прашања поврзани со основачот на меѓународната технолошка компанија „Амазон“, одговара новата книга „Да се смислува и да се талка: збирка размисли од Џеф Безос“ деновиве излезе од печат на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Автор на воведот е Волтер Ајзаксон, некогашен уредник на „Тајм“, и автор на биографиите за Стив Џобс, Бенџамин Френклин, Хенри Кисинџер, Леонардо да Винчи, Алберт Ајнштајн и други.

Со оваа фасцинантна збирка на записи од Џеф Безос – оригиналните годишни обраќања до акционерите, заедно со многубројни говори и интервјуа што го откриваат неговиот живот, работа и развојот на неговите идеи – ќе ја разберете заднината на неговиот феноменален успех во деловниот свет.

Опфаќајќи многу теми од областа на бизнисот и политиката, од иновациите и опседнатоста со корисниците, па сè до климатските промени и освојувањето на вселената, оваа книга нуди редок увид во начинот на размислување на Безос, но и поглед во блиската иднина во чиешто обликување тој непосредно учествува. Книгата е напишана во директен, јасен стил и содржи неизоставни лекции за бизнис-вредностите, стратегијата и извршувањето на деловните замисли.

Покрај тоа, авторот на читателот му нуди и необично јасни и разбирливи излагања на многу поими од областа на бизнисот, финансиите, јавните политики, објаснети на оригинален и лесно сфатлив начин од страна на еден од најбогатите луѓе во историјата на човештвото.

Оваа книга е неизоставно четиво за секој што сака да разбере како визионерството на само еден човек има моќ да ги унапреди животите на милиони други, и тоа на конкретен, опиплив начин. Раководители, претприемачи кои штотуку почнуваат, но и милионите потрошувачи на производите и услугите што ги нудат претпријатијата на Џеф Безос – со оваа книга сите имаат можност да ги разберат принципите на успехот на еден од најважните иноватори на денешнината.

Џеф Безос (роден на 12 јануари 1964 г.) од 2017 година се смета за најбогатиот човек на светот, поради што е именуван и како „најбогатиот човек во современата историја“. Неговата нето-вредност во јули 2018 година се искачи на 150 милијарди долари. Во септември 2018 година „Форбс“ го опиша како „многу побогат од кој било друг на планетата“, бидејќи додаде 1,8 милијарди долари на неговата нето-вредност откако „Амазон“ стана втората компанија во историјата што достигна пазарна капитализација од еден трилион долари.

На 21 јули, на годишнината од слетувањето на „Аполо 11“ на Месечината пред 52 години, Безос одлета до вселената со првиот лет на неговата компанија со патници, каде што остана 11 минути, по што се врати дома.

Книгата веќе е достапна во книжарниците „Литература.мк“, како и онлајн преку http://www.literatura.mk.

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14912

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.