Книгата за „Нетфликс“ открива како стриминг-сервисот направи револуција во индустријата на забава

Книгата за најпопуларниот стриминг-сервис изминативе години „Без правила: ’Нетфликс‘ и културата на реинвенција“ од авторите Рид Хејстингс и Ерин Маер деновиве излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Никогаш порано немало компанија како „Нетфликс“. Таа изврши вистинска револуција во индустријата на забава, остварувајќи милијарди долари профит и нудејќи им забава на луѓето во повеќе од 190 земји. Но, за да ги достигне тие височини, „Нетфликс“ требале одново и одново да се измислуваат себеси. Оваа неверојатна флексибилност би била невозможна без контраинтуитивните и радикални менаџерски методи на соосновачот, Рид Хејстингс. Тој поставил нови стандарди, ставајќи ја инвентивноста пред процесите и нудејќи им на вработените контекст, а не контрола.

Во оваа книга, Рид Хејстингс и Ерин Маер – еден од највлијателните деловни мислители на светот – навлегуваат длабоко во контроверзните идеологии што на „Нетфликс“ им донеле резултати на кои им завидува светот.

Книгата веќе е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку http://www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14905

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.