Работилница за ученици инспирирана од интерактивната книга „Мистериозниот град под калето“

Учениците од трето и четврто одделение од интернационалното основно училиште од Скопје ИПС (International Primary School Macedonia, IPS) беа дел од работилницата за деца инспирирана од интерактивната книга „Мистериозниот град под калето“ од Александра Тодоровиќ, што се одржа на четврти мај (среда), на штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“, во рамките на Саемот на книгата. Изданието, кое е посветено на Скопје во периодот под османлиска власт, е илустрирано од Марко Јанев, а е во издание на „Либи“, импринт на „Арс Ламина – публикации“. Неодамна од печат излезе и англиската верзија на книгата.

Станува збор за роман-авантура, базиран на концептот прашање и одговор, каде што самиот читател го одредува текот на настаните и дејството, преку избор на страницата што ќе се сврти. По првпат на нашиот пазар, ваквата иновативност е директно поврзана со податоците за градот и аспектите од неговото културно наследство: спомениците, настаните, начинот на облекување, храната, јазикот и друго. „Мистериозниот град под калето“ е првата книга од серијалот книги за деца „Скопје од А до Ш“.

Книгата, замислена како интерактивна прескокалка со читателот како главен јунак, вешто и ненаметливо ни ги открива фактите за Скопје од османлискиот период. Заплетите и загатките што се случуваат низ книгата ја даваат динамиката за развојот на дејството на приказната, водејќи го главниот јунак (читателот) да продолжи да открива и разоткрива, да спознава и сознава. Извонредните илустрации и мноштвото од факти што се поставени ненаметливо, одлично ја надополнуваат сликата за богатството на оваа книга.

Ова е извонреден начин како на новите генерации да им се доближи еден начин на живот и една традиција што постоела во овој град.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, онлајн преку http://www.literatura.mk, како и на штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ за време на Саемот на книгата.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.