Fingerprint Art: Боенки со кои децата создаваат уметност со отпечатоци од прсти

Поминете незаборавни моменти креирајќи уметност со прстите, наместо со четкички за боење. Во новиот иновативен серијал Fingerprint Art („Уметност со отпечатоци од прсти“) во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, вклучени се четири тематски боенки со неколку теми.

Изданијата се со цртежи на тема: Велигден, Божиќ, природа и лето, и се наменети за дечиња од една- до тригодишна возраст, кои сè уште го истражуваат светот главно по тактилен пат.

Боенките содржат осум интересни цртежи на кои вие и вашите деца можете да создавате уметност со помош на отпечатоците од прстите. Потребни ви се и водени или темперни боички, со чијашто помош ќе ги пополните дадените скици. Цртежите можете исто така да ги исечете и да ги користите како украс на вашиот ѕид.

Станува збор за едноставен вовед во уметноста за најмалите деца, со постапни и едноставни насоки како да се контурираат слики со отпечатоци од прстите. Тематските цртежи што децата ќе ги обојат со отпечаток од прстот потоа можат да се закачат на ѕидот како декорација.

Овие книги со активности имаат повеќе предности: ја зајакнуваат фината моторика кај децата, развиваат трпеливост, поттикнуваат креативност и го збогатуваат заедничкото време на родителите и децата. Со нив се создаваат незаборавни проекти.

Боенките се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку http://www.literatura.mk.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.