Кои изданија за деца и млади беа најбарани во „Литература.мк“ во март?

Популарните интерактивни пиши-бриши вежбанки со маркер „Животните од Австралија“ и „Животните од Африка“ се најбараните изданијата за деца во книжарниците „Литература.мк“ во март. На топ 10 листата се најдоа и новите книги за деца од младите македонски авторки: „Волшебните прегратки“ од Марија Костадиновска и „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ од Магде Ангова. Високо на ова одбројување се и вториот дел од книгичките со најсмешни вицови за деца „Ха, ха, ха… Да паднеш од смеење!“, како и книгите од хит-серијалот „Исидора Мун“ на Хариет Мункастер. Најмладите уживаа во активностите од серијалите „Шарени страници“ и „Сечи лепи“, учеа од едукативното издание „Тајните на македонските пештери“, ги читаа книгите за Хари Потер и „Басни од Македонија“ и „мозгаа“ со „Размислувај како гениј“.

Во продолжение ви ја претставуваме целата топ 10 листа со најбарани изданија за деца и млади, објавени од „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, кои се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

1. „Животните од Африка“ и „Животните од Австралија“

Хит-изданијата од полиците на „Литература.мк“: интерактивни пиши-бриши вежбанки со маркер „Животните од Австралија“ и „Животните од Африка“ се најбараните изданијата за деца и во март. Овие едноставни и забавни активности, подредени по тежина, ќе им помогнат на децата од предучилишна возраст да ја вежбаат раката, да се навикнат на приборот за пишување и да стекнат самодоверба во првите чекори во цртањето и пишувањето, преку: почетно пишување на разни видови линии; слободно пишување линии; развивање на фините моторички вештини на мускулите на рацете и прстите; можност вежбата да се повтори повеќепати и детето да се коригира самостојно. Оваа вежбанка е реупотреблива. На нејзините страници може да се пишува со маркер за бела табла (пиши-бриши), а се брише со марамче, обична ткаенина или сунѓер. На тој начин децата можат да се навраќаат на активностите повторно и повторно, што им овозможува градење на самодовербата, но и долготрајна забава.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://bit.ly/3wZeHH4

2. „Волшебните прегратки“ од Марија Костадиновска

Неодамна промовираната книга за деца „Волшебните прегратки“ е приказна-метафора за среќата. За непроценливата детска среќа и за тоа како со малку може да се има сѐ ако се занемари (не)намерното негативно дејствување од возрасните. За купувањето нематеријални нешта, за вредноста на желбите и соништата. За бујната фантазија и остриот ум на детето. „Волшебните прегратки“ е навидум една наивна приказна за деца, но всушност е лекција, со длабоки пораки и за децата и за возрасните. Четиво блиско до денешното живеење. Во преден план го има ова ново, брзо, толку среќно и модерно време, а истовремено толку мрачно и тажно. Сѐ се случува во градот на прегратките и милоста, но и во Вистинија, во приказот на чистата реалност. Илустрациите во овој мини-роман се од илустраторката Иванка НиБа.

3. „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ од Магде Ангова

„Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ е игрива, тематска збирка што ги оживува и ги осовременува гатанките како специфичен жанр, омилен и популарен за децата од ниските одделенија. Со досетлив, лирски избор на заглавните зборови – решенија на гатанките, и со опуштен, врзан стих со рима, Магде Ангова создала интересен поетски свет за видливите и невидливите нешта што децата треба само да ги препознаат или допрва да ги научат. Забавата и знаењето во оваа збирка се фатени рака за рака.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14832

4. „Ха, ха, ха… Да паднеш од смеење!“

Вториот дел од книгичките со најсмешни вицови за деца „Ха, ха, ха… Да паднеш од смеење!“ ќе предизвика искрена смеа (до солзи) и одлично расположение кај младите читатели. Добриот виц има моќ да ги смири подивените, занесените да ги натера да слушаат, а влечковците да побрзаат за да не испуштат здраво смеење. Вицовите можете да ги употребувате за да ги извлечете наутро спанковците да не задоцнат на училиште или за да промените несакана тема, да подобрите нечие расположение, па и да го заокружите денот насмеани. Такви се двете продолженија на „Ха, ха, ха… Да паднеш од смеење!“

Книгите „Ха, ха, ха… Да паднеш од смеење!“ се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ или онлајн на http://www.literatura.mk.

Прв дел: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13480

Втор дел: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14849

5. „Исидора Мун оди на свадба“ од Хариет Мункастер

Исидора Мун е половина самовила, половина вампир и целосно уникатна! Препознатлива е по нејзините црни и розови фустанчиња со светки, волшебното стапче со ѕвездичка и магичните крилјата, како и по нејзиното најверно пријателче – Розовото Зајаче. Издавачката куќа „Арс Ламина“ досега има објавено 12 изданија на македонски јазик од серијалот за Исидора Мун од Хариет Мункастер. Во секое издание таа минува низ нова авантура, нов предизвик и учи нова лекција. Исидора е специјална затоа што е поинаква, но таа се гордее со тоа. Сепак, со родители како нејзините, секојдневието не се движи секогаш според планот. Во март најчитани беа: „Исидора Мун слави роденден“, „Исидора Мун оди на одмор“ и најновата: „Исидора Мун оди на свадба“.

Во книгата „Исидора Мун оди на свадба“ Исидора ќе биде деверица на свадбата на тетка ѝ и мнооогу е возбудена! Но, откако нејзината палава братучетка ќе замеша прсти со малку волшебни палавштини, денот што треба да биде посебен, нема да тече баш како подмачкан. Може ли Исидора да се погрижи да има среќен крај?…

Сите книги за Исидора Мун можат да се најдат во книжарниците на „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на http://www.literatura.mk на следниот линк.

6. „Сечи-лепи“ 1 и 2 / „Шарени страници“

Во интерактивните комплети „Сечи-лепи“ 1 и 2 ќе пронајдете листови со делови за сечење и лепење, со кои вашето дете ќе може да создаде различни форми. Со усовршување на вештината за користење ножички се подобруваат фините моторни вештини на детето, а се зголемува и неговата креативност.

Папката со активности – „Шарени страници“ се состои од повеќе разновидни содржини, кои на вашето дете ќе му овозможат да ја зголеми својата концентрација, да ги подобри своите логички вештини и да ја развие својата креативност.

Замислени како активности што се прават во тишина, овие шарени страници се практични при патување, на одмор или во кој било миг од денот кога детето сака мирна и индивидуална игра.

„Сечи-лепи 1“ – https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13334

„Сечи-лепи 2“ – https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13335

„Шарени страници“ – https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13333

7. „Тајните на македонските пештери“ од д-р Билјана Гичевски

Книгата „Пештерите во Македонија“ е прва книга на македонски јазик што ги објаснува одликите на пештерите на ниво адаптирано за младите читатели. Во првиот дел е дадено објаснување како се формираат пештери и пештерски украси, како и потребната опрема за нивно истражување. Во вториот дел се опфатени седум позначајни македонски пештери. За секоја пештера се изнесени спелеолошки информации, факти за пештерската фауна и легенда поврзана за пештерата. Третиот дел од книгата е забавен дел во кој преку интересни активности читателот стекнува трајни знаења за подземните карстни форми.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14842

8. „Хари Потер и Каменот на мудроста“ од Џ. К. Роулинг

Првата книга од серијалот за Хари Потер од Џ. К. Роулинг – „Хари Потер и Каменот на мудроста“ – се најде на осмото место на листата со најпродавани книги за деца и млади. Еден обичен ден во домот на Дарслиеви, на Привет драјв, бр. 4, стигнува писмо за момчето во креденецот под скалите, Хари Потер. По многуте обиди на тетин Вернон да ги скрие писмата што постојано доаѓаат, една вечер на вратата се појавува Рубеус Хагрид од „Хогвортс“, училиштето за вештерство и волшебништво, и му вели на Хари дека е волшебник. Тогаш почнуваат авантурите на Хари и неговите пријатели, но влогот е голем − целиот волшебнички свет е во опасност. Инаку, 2022 година, во светски рамки, ќе помине во знакот на Хари Потер. Со низа настани на глобално ниво, се одбележуваат 25 години од објавувањето на првата книга – „Хари Потер и Каменот на мудроста“ (објавена на 26 јуни 1997 година), како и 20 години од премиерата на првиот филм базиран на оваа книга. „Арс Ламина“, како носител на авторските права на книгите за Хари Потер, се приклучува кон светското одбележување на четврт век од магијата на Хари Потер.

Книгите од серијалот „Хари Потер“ се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

9. Серијал „Умствени вежби, гениј“

Популарниот интерактивен книжевен серијал „Умствени вежби, гениј“ за деца и за возрасни од авторите Карло Карцан и Соња Скалко на македонски јазик е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во него се четири книги со умствени вежби: „Размислувај како гениј“, „Размислувај како Шерлок Холмс“, „Размислувај како Леонардо да Винчи“ и „Размислувај како Алберт Ајнштајн“. Книгите се добра вежба за мозокот за секоја возраст, а во нивната основа е дека се учи преку игра. „Размислувај како гениј“ помага да се подобри меморијата и концентрацијата, да се активираат логичките процеси на учење, да се развиваат имагинацијата и креативноста. На половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, „Размислувај како Шерлок Холмс“ е патување низ раскажување, активности и игри со кои ќе откриете како да го вежбате својот ум за набљудување, логика, концентрација и селективна меморија, следејќи ги трагите на најгенијалниот детектив на сите времиња. Со „Размислувај како Алберт Ајнштајн“ ќе откриете како да го вежбате умот за истражување, логика, научен метод, страст и мотивација, следејќи ги трагите на најголемиот научник на сите времиња.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://bit.ly/2Ykcmex

10. „Басни од Македонија“

По големиот успех на едицијата „Бајки од Македонија“, Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ ја објавија едицијата за деца „Басни од Македонија“. Станува збор за четирите басни: „Кучето и зајакот“, „Лакомата мечка“, „Војската на лавот“ и „Жабата и глушецот“. Овие приказни потекнуваат од усното народно творештво, а биле собрани од Марко Цепенков. Сликовниците се со илустрации од Катерина Николовска, а се адаптирани од Билјана Црвенковска.

Сликовниците од едицијата „Басни од Македонија“ можете да ги најдете во сите книжарници на „Литература.мк“ или да ги нарачате онлајн на следниот линк:

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.