Смеење до солзи со книгите со вицови за деца – „Ха, ха, ха… Да паднеш од смеење!“

Во чест на Дeнот на шегата, први април, деновиве од печат излезе вториот дел од книгичките со најсмешни вицови за деца „Ха, ха, ха… Да паднеш од смеење!“.  Ова издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе предизвика искрена смеа (до солзи) и одлично расположение кај младите читатели.

Добриот виц има моќ да ги смири подивените, занесените да ги натера да слушаат, а влечковците да побрзаат за да не испуштат здраво смеење. Вицовите можете да ги употребувате за да ги извлечете наутро спанковците да не задоцнат на училиште или за да промените несакана тема, да подобрите нечие расположение, па и да го заокружите денот насмеани. Такви се двете продолженија на „Ха, ха, ха… Да паднеш од смеење!“.

Смеењето е една од најубавите работи што е заедничка за луѓето од целиот свет. Кога се смееме, нè разбираат сите луѓе, без разлика каде живеат или на кој јазик зборуваат. Насмевката е знак дека сме среќни и дека нешто нè весели. Не мора некој да нè учи како да се смееме. Тоа го правиме од мали. Луѓето се смеат речиси на ист начин.

Смеењето добро влијае на здравјето на вашето тело и на вашиот ум. Влијае позитивно на вашето расположение, но и на тие околу вас. Без разлика дали се смеете затоа што ви е нешто убаво или сте слушнале некоја шега или некој виц, запомнете: насмевката го подобрува животот.

Во продолжение прочитај еден виц од оваа книга… Дали и ти знаеш некој виц? Сподели го со нас и со своите пријатели.

Наставничката го прашува Николче:

Николче, колку букви има азбуката?

Осум, наставничке!

Како осум?

Па, еве: А З Б У К А Т А!

8 букви!

Книгите „Ха, ха, ха… Да паднеш од смеење!“ се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ или онлајн на www.literatura.mk.

Прв дел: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13480

Втор дел: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14849

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.