„Четири илјади седмици“ од Оливер Буркеман е упатство како обичните смртници да управуваат со времето

Бестселерот на „Њујорк тајмс“ и еден од најголемите книжевни хитови за 2021 година, „Четири илјади седмици“ од Оливер Буркеман, деновиве излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата е своевидно упатство за обичните смртници: како да управувате со времето. Изданието стана и бестселер на „Сандеј тајмс“, книга на годината според „Фајненшал тајмс“, „Гардијан“ и „Опсервер“, како и еден од најдобрите 75 наслови според „Дејли телеграф“ за минатата година.

Авторот Оливер Буркеман во „Четири илјади седмици“ тврди дека просечниот човечки животен век е апсурдно, навредливо кус. Под претпоставка дека ќе доживеете 80 години, имате само околу 4.000 седмици. Никој не треба да каже дека нема доволно време. Опседнати сме со списоците на задачи што треба да ги завршиме, а кои постојано се зголемуваат, со преполните електронски сандачиња, рамнотежата работа-приватен живот и постојаната битка со дистракции; преплавени сме со совети како да станеме попродуктивни и поефикасни со разни „трикови“ со цел да ги оптимизираме нашите денови. Но, ваквите техники често само ги влошуваат работите. Чувството на анксиозност станува поинтензивно и најзначајните работи во животот изгледа дека се зад хоризонтот. И покрај тоа, ние ретко ја поврзуваме секојдневната борба со времето со крајниот проблем на управување со него: предизвикот како најдобро да ги искористиме нашите 4.000 седмици.

Потпирајќи се на увидите и на античките и на современите филозофи, психолози и духовни учители, Буркеман ни нуди забавен, хумористичен, практичен и длабок водич за времето и управувањето со времето. Отфрлајќи ја залудната модерна фиксација „да се заврши сè“, книгата „Четири илјади седмици“ ги запознава читателите со алатки за градење на значаен живот со прифаќање на конечноста, покажувајќи колку од бескорисните начини до кои сме дошле размислувајќи за времето не се неизбежни, непроменливи вистини, туку избори што сме ги направиле како поединци и како општество – и дека можеме да ги правиме работите поинаку.

Книгата „Четири илјади седмици“ веќе е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку http://www.literatura.mk.

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14871

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.