„Музеј на детството“ е стаклен сад со спомени и трауми од детството

Во присуство на многубројна публика, вчеравечер (17 март), во книжарницата „Литература.мк Суперстор“ во „Скопје сити мол“ беше промовирана новата книга за деца и млади „Музеј на детството“ од авторката Алма Растодер. Промоцијата на книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ја водеше уредничката Оливера Ќорвезироска.

– Насловот „Музеј на детството“ е една синтагма што е многу леплива за сите нас, синтагма што посебно ја пофалувам затоа што е избрана и за наслов на оваа книга. Всушност, ова е книга за детството, за спомените од детството. Сите имаме спомени од детството во визуелна форма, помниме предмети од детството, помниме завеси од детството, предмети од домаќинството и од детската соба, ги помниме шарите на собите во коишто сме пораснале. Од една страна, тоа е меморирање на визуелното, а од друга страна, пак, приказните ги помниме во форма на зборови – истакна Ќорвезироска.

– Процесот на пишување на оваа книга е малку необичен, затоа што прво почнав со една приказна, во којашто ги ставив ликовите кои преживуваат одредени трауми во детството и тие се заробени во некои стаклени шишиња и стаклен песочен часовник. И тие успеваат на некој начин да се изборат и да се ослободат од тој стаклен сад, во кој се гледаат, но не можат ништо да направат, како што некогаш ние се чувствуваме кога се наоѓаме во некоја потешка ситуација. Тие успеваат да се ослободат, меѓутоа таа приказна тука ми заврши, остана во фиока еден период и потоа се прашав што се случува со тие луѓе што ја преживеале таа траума. Дали навистина, кога веќе ќе пораснат или кога ќе дојдат во светот на возрасните, ги надминуваат траумите – вели авторката.

„Музеј на детството“, која е дел од едицијата „Либи тин“, е прозна сложувалка, колаж, пачворк од повеќе приказни за детството во различно време и од различни простори, врзани меѓу себе, допрени во една определена точка или сосем самостојни. Она што ги обединува во целина и што овозможува да ги читаме и како фрагментарен роман за млади е можноста личните приказни да се сфатат како книжевни експонати во замислениот музеј на детството, што е и носечката идеја при раскажувањето.

Алма Растодер е родена во 1986 година во Скопје. Дипломирала на катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Уредник е во списание специјализирано за трговија со стоки за широка потрошувачка. Пишува поезија и проза. Нејзината прва книга наменета за деца е објавена на три јазици: „Сонливи приказни од тајната шума / Sanjive priče iz tajne šume / Tregimet e pyllit magjik“ (2019). Нејзините песни „Kао cvijet iz kamena“ и „Pronašla sam ljubav“ се вклучени во збирката поезија „Mostovi prijateljstva“, а расказот „Белата шапка“ во електронското издание на „Карантински приказни“.

Книгата „Музеј на детството“ веќе е достапна во сите книжарници „Литература.мк“ и за нарачување онлајн преку интернет-страницата www.literatura.mk.

Целата промоција можете да ја погледнете на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.