НАСКОРО: „Арс Ламина“ ќе реобјави десет тома со 12 книги за возрасни од Оливера Николова

На денешен ден (11 март), во 1936 година во Скопје е родена една од најплодните, најнаградувани и најзначајни македонски писателки, Оливера Николова. Во чест на нејзиниот 86-ти роденден, со особено задоволство најавуваме дека издавачката куќа „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, наскоро ќе го реобјави целокупното творештво за возрасни од Николова. Книгите, кои се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, се во ново руво и со нови поговори од значајни македонски професори, книжевници и писатели. Уредник на изданието е Оливера Ќорвезироска.

Станува збор за 12 наслови, спакувани во 10 тома: „Куклите на Росица“ (со поговор од Елизабета Баковска), „Тесна врата“ (поговор Кица Колбе), „Куќичка“ (поговор Румена Бужаровска), „Тромбот“ (поговор Владимир Мартиновски), „Адамовото ребро“ (поговор Калина Малеска), „Збогум Вано, Ванке…“ (поговор Јелена Лужина), „Пешаци по црни полиња“ (поговор Гоце Смилевски), „Белиот чад“ (поговор Никола Гелевски), како и „Вежби за Ибн Пајко“ (поговор Катица Ќулавкова) во исто издание со „Песот со тажен поглед“ (поговор Давор Стојановски) и „Лева комора“ (поговор Владимир Јанковски ) во исто издание со „Кадифената покривка“ (поговор Оливера Ќорвезироска). Овие дела, кои се и своевиден подарок за идните поколенија, ќе бидат претставени пред јавноста на свечен промотивен настан, чиишто детали ќе ги објавиме наскоро.

На Оливера Николова ѝ посакуваме желби за добро здравје, свежа мисла и инспирација за нови дела.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.