Конкурс на САНО: „Јас сум пријател на децата во болница“ – есеј од Ана Кристина Стамкова (прво место)

Награден цртеж од Деспина Спасеновска, ООУ „7 Марси“ с.Челопек

Животот е низа на добри и лоши моменти. Тркало што постојано се врти. Во моментот кога ќе помислиш дека си на чекор до целта, наидуваш на пречка што ќе те врати два чекора назад. Но, да живееш значи да се бориш. Да се бориш со сите тешкотии и проблеми и да стоиш исправено пред предизвиците што се поставени на патот кон успехот. А пак среќата, тоа е нешто што сите го имаме. Некои, навистина, повеќе од другите. Тaa е алка во синџирот што го променува животот на една личност, а со тоа и неговата иднина.

Ја почнувам оваа своја приказна, можеби, корисна и за другите. Но, за мене поучна и засекогаш останувајќи во сеќавање како минлив период од таа тешка 2018 година. Ме научи дека животот не е едноличен, дека има и добро и зло, среќни и лоши моменти, победи и порази, солзи и смеа. Ме научи да учам од грешките, дека не постои гаранција, дека патот секогаш продолжува, а времето не запира. Правејќи ме горда дека сум дете на мајка која е херој. Личност на која ѝ се восхитувам на нејзината решителност, храброст и добродушност, па дури и во борбата со ракот. Исправена со насмевка и ведрина пред суровата патека, се искачи до врвот на стрмната планина. А јас се радував на нејзината победа, затоа што беше доказ за тоа дека на крајот од тунелот секогаш има светлина. Болеста на мајка ми даде друга смисла на мојот живот.

Награден цртеж од Сара Николова, ООУ „Крсте Петков Мисирков“ – с. Оризари

Помислувајќи на дечињата кои страдаат од оваа болест, се појави желбата – да бидам хуман и благороден пријател на децата кои се лекуваат во болница. Одлучив во 2021 година мојата коса да биде дел од животот на некое девојче кое води битка со ракот. Девојчето со глас на славејче кое ми рече: „Ти благодарам, ме направи да се почувствувам како принцеза од сказните!“, по првпат во мене го пробуди чувството на блиска пријателска игра преку телефон. И оттогаш сфатив дека не е важно дали пријателството се одржува преку средби, туку и на виртуелен начин преку парчето коса за кое тие мечтаат во победувањето на битката. Така станав пријател на децата во болница. Со желба таа врска да стане поцврста со исполнување на мојот сон да бидам онколог и заеднички да се бориме со ракот. Да ги разбудам слабите клетки во нивните тела, да ги развеселам со разни игри и да ги уверам во тоа дека болницата не е мрачно место, туку светло небо каде што се раѓа сонцето – извојување победа и славење на животот. Одбележувајќи ги со ѕвонежот на ѕвончето, продолжувајќи да битисуваат и да се радуваат со своите најблиски. И така едните ќе добијат светлина и радост во своите срца, а другите чувство на задоволство и вечен спомен на своите големи дела, благодарение на хуманоста и солидарноста.

Награден цртеж од Мелани Пишовска, ООУ „Коста Рацин“ с.Брвеница

Затоа сите заедно да внесеме светлина во нечиј живот, да помогнеме и да ги споиме двете страни на реката, да бидеме сите заедно среќни и исполнети. Хуманите дела и солидарноста да бидат еден огромен поттик за сите нас, поттик што ќе нè натера да размислуваме рационално и правилно. Нивната вредност е непроценлива.

Пишува: Ана Кристина Стамкова, III-5, СОУ „Богданци“ – Богданци

Ментор: Верица Ризовска

Есејот го освои првото место на литературниот дел од конкурсот „Јас сум пријател на децата во болница“ во организација на Здружението на граѓани САНО – Скопје, со поддршка на „Арс Ламина“.

Цртежите се наградени во ликовниот дел од конкурсот „Јас сум пријател на децата во болница“.

Награден цртеж од Мелани Савовска – ООУ „Гоце Делчев“
Награден цртеж од Ѓурѓица Стојанова, 8г. с. Јосифово, Валандово

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.