„Писатели и љубовници“ од Лили Кинг е нежна приказна за љубовта, загубата и пишувањето

По успехот на нејзиниот високо ценет и наградуван роман „Еуфорија“, писателката Лили Кинг се враќа со нова, нежна приказна за љубовта, загубата и за предизвиците на една млада авторка. Станува збор за романот „Писатели и љубовници“, кој неодамна излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

„Писатели и љубовници“ ја следи Кејси – паметна и ранлива протагонистка – во последните денови од младоста, период кога секој сегмент од нејзиниот живот е во криза. Напишан со хумор, срце и интелигенција, карактеристични за стилот на Лили Кинг, овој исклучителен роман го истражува застрашувачкиот и возбудлив скок помеѓу крајот на една фаза од животот и почетокот на друга.

Скршена поради ненадејната смрт на нејзината мајка и уништена по последната љубовна врска, Кејси Пибоди, летото 1997 година, стигнува во Масачусетс без никаков план. Нејзиното поштенско сандаче е преполно со покани за свадби и последни известувања од наплатувачи на долгови. Поранешното чудо од дете за голф, сега работи како келнерка во ресторан на плоштадот „Харвард“ и живее во изнајмена мувлосана соба во која работи на својот роман што го пишува шест години. На 31 година, Кејси сè уште се држи за нешто од кое речиси сите нејзини пријатели се откажале: посветеноста да има креативен живот. Кога во исто време ќе се вљуби во двајца сосема различни мажи, нејзиниот свет се крши на уште поситни парчиња. Кејси се бори да ги исполни нејзините креативни амбиции и да балансира меѓу спротивставените барања на животот и уметноста, на начини што ја туркаат до работ.

Книгата „Писатели и љубовници“ веќе е достапна во сите книжарници „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14828

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.