Номинации за блогот и сајтот на „Литература.мк“ на изборот „Сајт на годината 2021“

Блогот и интернет-страницата на „Литература.мк“ се меѓу номинираните на изборот „Сајт на годината 2021“. Нашиот blog.literatura.mk, кој изминатите години неколкупати беше прогласен за најдобар блог на овој избор, овој пат е во конкуренција за најдобар сајт за образование, наука и култура. Страницата Literatura.mk, пак, е номиниранa во категоријата за најдобар сајт за е-трговија.

Специјализираниот блог за љубителите на пишаниот збор, blog.literatura.mk, досега неколкупати има освоено награда во категоријата за најдобар блог на изборот „Сајт на годината“. Беше прогласен за најдобар блог во 2020 и 2018 година, на второто место беше во 2019, 2017 и 2016 година, а во 2014 година на третата позиција. Сајтот Literatura.mk во 2019 година беше трет во конкуренција за најдобар сајт за образование, наука и култура.

Вашите гласови можете да ги дадете на интернет-страницата „Сајт на годината“ (на линкот: https://sajtnagodinata.mk/). Гласајте за вашиот омилен сајт во категориите во кои е номиниран. Внесете го вашиот мејл најдолу на страницата и притиснете ГЛАСАЈ. На вашиот мејл ќе стигне порака за потврда на гласањето. Потврдете го гласањето на копчето во мејлот што ќе ви стигне.

Гласањето е веќе во тек на http://www.sajtnagodinata.mk и ќе трае до четврти март, а прогласувањето на победниците во сите категории е на шести март.

„Сајт на годината“ е манифестација која по 12 пат во Македонија ги избира најдобрите веб-сајтови во повеќе категории. Манифестацијата е организирана од „Медија солушнс“ (Media Solutions) .

Избор за Сајт на годината е проект што има цел да ги промовира, развива и поддржува интернет-медиумите и севкупното интернет-издаваштво во Македонија. Сајт на годината ги адресира сите прашања поврзани со електронскиот медиум и простор во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет-културата во Македонија.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.